КАМЕРИТЕ ПРЕСТАНАЛЕ ДА СНИМААТ ПЕТ МИНУТИ ПРЕД УБИСТВОТО: Започна расплетот на сценариото на Спасовски за спас на убијците на Јанушев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сценариото за кое пишуваше Инфомакс.мк уште пред две недели, а е во подготовка на Оливер Спасовски со цел заштита на вистинските убијци на младиот Мартин Јанушев, вчера го потврдија и провладините медиуми, откако новинарката Снежана Лупевска во својата емисија „Код“ зборуваше за тоа дека Јанушев всушност имал намера да убива, а убијците се бранеле

 

 

„Пиштолот што бил најден на местото на убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев на 3 ноември во скопската населба Аеродром, бил на татко му, а не на убиецот, покажала полициската истрага за овој случај.“ – вели Лупевска во „Код“, фрлајќи основано сомнение во јавноста дека всушност убијците на Јанушев се бранеле од негов напад. Секако, ваквата конструкција е апсолутно неточна, ако се има во предвид дека младиот фудбалер излегувал од влезот на својата зграда за да оди на фудбал со својот маалски другар.

За ова сведочеше и таткото на другарот на Јанушев, кој изјави дека за малку ќе настрадал и неговиот син, кој излегувал за да се сретне со Јанушев и заедно да продолжат на игралиштето.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Тој кажа дека тие се школски другари и требало заедно фудбал да играат.

-Тука е начекано пред да излезе, се договораа преку телефон да излезе. Малиот мој за малку закасни, можел и он да биде убие, изјави очевидецот.

[/kopa_block_quote]

 

На 8.ми ноември, Инфомакс.мк објави текст во кој од извори од МВР дознаваме дека Спасовски и неговите паритски војници активно и франтично работеле на план за пронаоѓање на лице кое би ја преземало одговороноста за убиството на Јанушев, а за возврат би добило одредена финансиска сатисфакција и ветување дека затворската казна нема да се однесува на убиство со умисла, туку како убиство во самоодбрана.

Целата оваа операција, според истиот извор е за да се спаси вистинскиот виновник бидејќи убиецот важи за близок до највисоките кругови на власта и веќе испратил порака дека ќе каже се за да криминалите на Заев и неговото семејство.

Дека оваа информација е точна, и сценариото веќе се одигрува сведочи и Лупевска во „Код“.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Според Код, непосредно пред убиството Јанушев бил повикан од осомничениот зa убиството Филип С. Кобра и добил порака – „дојди да се пресметаме“. Мартин го земал пиштолот на татко му, и излегол од зградата кај Ред кафе на улицата Владимир Комаров. Филип бил побрз од него и во главата и вратот на Мартин испукал 5 куршуми.[/kopa_block_quote]

Она што дополнително ја прави целата операција на местење на невино лице за убиство и криење на вистинскиот идентитет на убиецот е и информацијата која ја соопштија владините медиуми дека токму пред убиството снемало струја на улицата „Владимир Комаров“.

Инфомакс.мк контактираше со општината, но и со дистрибутивната компанија од каде не информираа дека на тој ден, во наведениот час немало ниту планирано исклучување на струјата, ниту пак бил пријавен дефект. Ова не доведува до сомнеж дека по нечија наредба непосредно пред убиството некој намерно ја исклучил струјата, со цел камерите кои го снимаат објектот, односно влезот во зградата, да не бидат во можност да го снимат и убиецот, а со тоа да се сокрие и неговиот идентитет.

Лупевска во „Код“ додава и дека пред убиството, Кобра се сретнал со Р. Т., исто така познато лице од скопското подземје.

Според Алфа некој медиуми по убиството повикувајќи се на извори од социјалните мрежи го поврзале убиството со лицето (Р.Т) Раде Трајковски Штекли, кој е поврзан со агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ и според гласини во јавноста и  медиумите е и нејзин сопственик во сенка.

Од лево на десно – Александар Темелковски (основач на Омерта), Мартин Јанушев, Раде Трајковски – Штекли (сопственик во сенка на Омерта Секјурити)

Според податоците од Централен регистар Трајковски не е сопственик со агенцијата, но според сликите кои може да се видат на социјална мрежа „Инстаграм“ Трајковски е во блиски односи со управителката Лазиќ. Трајковски не одговорил на повиците на „Несомнено“ за интервју, да одговори на гласините дали истиот е сопственик во сенка на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“.

 

Проблем во ова сценарио е тоа што убиениот млад фудбалер Јанушев потекнува од полициско семејство и тие добро знаат кој е убиецот и какви се сценарија се подготвуваат.Утехите кои ги добивале дека по завршување на погребот се ќе биде решено сега се минато. Прашањето кое целата јавност си го поставува е што може да очекува обичен човек, доколку полициско семејство изгубило син и брат, а целата полиција им го врти грбот.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This