Ако некој се прашувал зошто кога СДСМ држи прес конференции тоа најчесто се салонски тип на собиранки, и ретко, речиси никогаш не излегуваат на терен меѓу граѓаните, тоа денес на најсликовит начин го објасни лидерот на партијата Зоран Заев
Имено, за време на неговата прес – конференција во Кавадарци на еден од откупните пунктови за грозје тој зборуваше за тоа како лозарите не можеле да ја продадат овогодинешната реколта, дека пунктовите не работеле, дека немало пари и слични неосновани обвинувања, и сето ова тој го кажува додека стои во близина на отворен пункт за откуп на грозје.
Јасно се гледа како во позадина, додека Заев лаже дека не работеле пунктовите и не се откупувало грозјето како најмалку тројца лозари додека траеше прес конференцијата го продадоа своето грозје, истоварајќи ги приколките полни со грозје.
Резил.