Friday, 28/4/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛАРИЌ: Јавноста е згрозена од Директорот на Кумановската Гимназија, бараме под итно да се превземат мерки , без разлика што истиот е кадар поставен од градоначалникот Зоран Дамјановски од СДСМ

100%
User Rating

Деновиве низ електронските медиуми излегоа непристојни слики од Директорот на Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“. Ескплицитната содржината е навистина запрепастувачка и бара итно да се превземат мерки против него без разлика што истиот е кадар поставен од градоначалникот Зоран Дамјановски од СДСМ. Целата јавност е загрозена од тоа што го виде, истакна на денешната прес-конференција Светлата Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Svetlana-Kolarik-640x353

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Светлана Колариќ.

Родителите се во шок и загрижени за своите деца, каде тие се воспитуваат и кој нив ги образува. Никому не приличи вакво однесување, а најмалку на педагог, и човек кој раководи со една образовна установа. Ги повикуваме надлежните државни институции да ги истражат наводите за ваков случај, и доколку се покажат како точни да спроведат санкции. Ги повикуваме и невладините организации кои ги штитат правата на децата да реагираат на ваквите појави.

Надлежниот народен правобранител и првата детска амбасада мора да реагираат кога директор на едно училиште на социјалните мрежи објавува материјали со експлицитни сексуални содржини. Кумановската и целокупната македонска јавност се згрозени и оправдано поставуваат прашања:

Што се случува во кумановската гимназија?

Дали овие фотографии и снимки биле испраќани до некого и дали истите стигнале и до учениците во гимназијата?

Каква реформа во образованието СДСМ сака да спроведува и дали кумановската гимназија треба да биде урнек?

Јавноста мора да знае. Институциите мора да реагираат. Не смее да се дозволи сомнеж дека со установа која има просветна и педагошка улога раководи човек кој се слика гол и потоа истите слики ги пушта на интернет.

loading...

1 Comment

  1. Manimal

    Јас исто така бев згрозен кога афежевките му се с`снаа на уметникот да го облечел Прометеј.
    😉

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...