Sunday, 22/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛУМНА НА АЦО СТАНКОВСКИ: Атака

75%
User Rating

Aco-StankovskiИграта на нервите заврши во четврток на 27 април – денот што ќе влезе во македонската историја.

А не дека не стана исцрпувачка оваа игра полна со подметнувања, ненадејни сурови удари, кои требаше да бидат фатални, разни итроштини на теренот, досега невидена хипокризија во политичкиот живот на овие простори, корупција, разузнавачки интервенции, закани, уцени, агресија, разни пленуми и шарени кондом-револуции за пари, кои брзо се трошат, а потоа?

Остана печатот на предавник, кој е удрен на челото на тие што за 30 илјади денари виртуелна просечна плата го поддржаа велепредавството на националните интереси, а кога дојде на асталот на политичката гозба фамозната платформа, во која се разнебитува македонската држава, не се повлекоа, ниту се покајаа.

loading...

И со нема упорност тргнаа во плетењето на својата узурпаторска мрежа на владеење.

Регуларните партии на македонскиот легалистички интерес не покажаа некоја голема борбеност. За мир в куќа? Или поради нивната експонираност, се лесна цел за каков било напад од страна на непријателот.

Всушност, цело време гледаме една неочекувана попустливост, повлекување, напати и дефетизам. Зошто? Зар историската ВМРО тоа би го правела така? Зар не гледате дека ве хранат со лажни надежи, со лажни ветувања? Зар не гледате дека во нив не треба да се има никаква доверба? Во протагонистите, наречени добар чадор и лош чадор?

Полека, но сигурно, ве водат кон амбисот. Чадорите, тие меѓународни геополитички вампири, ве хипнотизирале и со безобразна нерасположеност ве носат кон гибелта.
НАТО и ЕУ, до кога ќе ви бидат златното теле, идолот на отпаднатите од Бога?

Зар не гледате дека „меѓународната“ е блудница, која нема став, туку само безумна алчност за моќ и за доминација? Одете таму каде што вашиот карактер е оцрнет, а вие непожелни.

Поради името ли?

Ете во почетокот на независноста вашите идеолошки противници го сменија името, па сменија сѐ и украдоа сѐ и уништија сѐ. Зашто многу беа уплашени.

Во детството, пропагандата на маршалот Тито ги плашеше со монструозни претстави за империјализмот. Им кажуваше колку е тој суров и колку е бескрупулозен кон работникот и кон неговите тешко остварени права. Тоа – „фабриките на работниците“ – ќе го снема. Ќе дојде Капо со корбач и ќе ви ги „лупи“ грбовите секогаш кога продуктивноста ќе се намали. Сопругите, сестрите и ќерките ќе ви ги претвори во проститутки откако ќе ги приватизира сите фирми и ќе го редуцира бројот на вработените во името на профитот.

Во приватизираните фабрики ќе работите како скотови со надница, која едвај може да ви ги закрпи дупките на лактите на џемперот и чорапите. Ќе бидете никој и ништо. Ќе бидете лумпенпролетери, како што беа и вашите несреќни предци. Посебно лошо во таа верзија на реставрираниот капитализам ќе поминат членовите на КП – таканаречената „црвена буржоазија“.

И кога Горбачов го шитна комунизмот за Нобелова награда и малку готовина, а Москва пропадна како светски авторитет, сите овие комунисти проквичеа и фатија да се китат со либералистички перја, станаа социјал-демократи или, подобро кажано, предавници на левицата, на историската левица.

Е, тоа е итрината на западната моќ, на илуминатската пеколна инспирација, на силите на злото, да успеете со еден силен и импресивен удар непријателите да ги деидеологизирате и да ги претворите во свои најверни слуги.

Зашто ваквиот слуга, а поранешен непријател, ќе сака да се докажува повеќе од кој било друг слуга зашто сомнежот врз неговата лојалност треба секојдневно да се отстранува, а и парите се добри. Парите добиени за кодошење на сопствениот народ.

Затоа, драги мои пријатели од патриотските партии, а најмногу од ВМРО-ДМНЕ, вие никогаш не ќе се зближите со НАТО и со ЕУ, значи, со илуминатите и со другите слуги на нечестивиот, како што прават вашите политички опоненти – предавниците на сопствената идеологија и предавниците на сопствениот народ.

Упорното инсистирање на НАТО и на ЕУ ви ја зема силата и ве одвојува од народот, кој толку многу се даде во ваша заштита верувајќи ви и мислејќи дека вашиот курс вреди да се следи.

Токму и затоа граѓаните на Македонија се кренаа на протести, зашто почувствуваа дека легализмот не функционира во оваа држава.

Чадорот ли го исклучи системот и сега не функционира?
Во четвртокот народот тргна по 60 дена предупредување и шетање. Црвената линија беше помината од предавниците. Протестите тој ден преминаа во револуција.

И тешко си на тој што ќе ѝ застане на патот.

Пишува: Ацо Станковски

loading...

7 Comments

  1. Manimal

    Б Р А В О, М А Е С Т Р О ! ! !
    Редакцијата на Инфомакс да ја препрати колумнава до СИТЕ шпагети болоњезе бачелорчиња и со слични тутиленциња гејшит членови на движењето-кое-моли-да-се-врати-во-ѓопозиција!
    Со напомена – ПРЕД УПОТРЕБА ДА СЕ СТАВАТ ПЕЛЕНИ! }:-)
    И да им пренесе да ПРЕСТАНАТ СО ИДИОТСКИТЕ СООПШТЕНИЈА ДЕКА НАРОДОТ СЕ БУДИ!
    СИТЕ се разбудени (не сметајќи ги лигавците и тие без мозок од ѓопозицијата), само вие сте во ВЕЧЕН СОН!

  2. Jery

    ….Всушност, цело време гледаме една неочекувана попустливост, повлекување, напати и дефетизам. Зошто? Зар историската ВМРО тоа би го правела така? Зар не гледате дека ве хранат со лажни надежи, со лажни ветувања………….Упорното инсистирање на НАТО и на ЕУ ви ја зема силата и ве одвојува од народот, кој толку многу се даде во ваша заштита верувајќи ви и мислејќи дека вашиот курс вреди да се следи.Во четвртокот народот тргна по 60 дена предупредување и шетање. Црвената линија беше помината од предавниците. Протестите тој ден преминаа во револуција.
    И тешко си на тој што ќе ѝ застане на патот.”………
    POZDRAV DO GOLEMIOT ALEKSANDAR STANKOVSKI!!!!!

  3. Ag`r

    SAKAM DA VIDAM PO KOLKU CLENSKI KNISKI OD SITE PARTII KE BIDAT DONESENI PRED SOBRANIETO SO PRISUSTVO NA -ZA ZAEDNICKA MAKEDONIJA- BIDAT ZAPALENI VO KONTENJER!

  4. Zlatko

    Soema IZDRZANO No Da BIDEME Realni NE SE SITE Vo DPMNE LIGUSHI i PODLIZURKOVCI DPMNE Ima i SAGLAM PATRIOTI Koi Vo MOMENTOV SE Malcinstvo ili Bez GLAS (NE Znam Koj Se) No FAKT E Site Dojdenci Vo DPMNE Za Da GRABNAT Sto Podobra Pozicija (Za Plata Zboruvam) Ne Se Tolku Rastrevozeni Za Idninata na MKD Tuku Da Si Ostane SE STATUS KVO Da Se ZADRZI Vakov Nikakov sds So Koj E LESNO Na Izbori (MACKANI So GOMNA Do DASKA) a NARODOT Se LEPI i VERUVA Vo VMRO Ne Na DPMNE Ama Na EDNO ZABORAVAAT Narodot e Na ULICA Nema NAZAD NISHTO NE E VEKE i NEMA Ni DA BIDE ISTO,,NAROD E OVA (ne e NEIZMIENA,Nepismena STOKA) Ako Ova DPMNE NE Go GLEDA ili NE SAKA Da Go GLEDA Ke Stradaat i VISTINSKITE PATRIOTI Vo DPMNE,,Vreme E Za AKCIJA MAKEDONIJA ZA NAVEK

  5. prasanje

    Majstore, a zosto go napusti rodnoto Kicevo?

  6. Sotir

    Za da ti go dupi tvojot rasipsn moxok

  7. Ајван Доктор®

    Во „комунизмот“имав познаник од Кичеа кој уште во ’50-те се вработи во УДБА!Стана закоравен апологет на власта и системот,искористувајќи ги сите привилегии (стан,образование,подобности за блиските)!Задолжен за „чистата мисла“,ги гонеше сите кои ќе зуцнеа против Маршалот!Како сликар аматер,синот си го запиша на Факултетот за ликовни уметности!Синот,стана толку авангарден што естетски зенит му стана одамна изумрениот барок,и тоа во XXI век!Се смени системот,но синот ја продолжи апологијата,служејќи му сега на друг владетел!Навиката да го чува владетелот од „нечистите мисли“прејде во семејна традиција!

Leave a Reply to Ag`r Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031