Wednesday, 25/4/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛУМНА НА ГОРАН АНЧЕСКИ: Хипноза или што и да е

User Rating

Што ментален склоп имаат пратениците од СДСМ и независните да се прават недоветни, слепи при очи, глуви при уши?

Дали се хипнотизирани од функцијата пратеник или се хипнотизирани од квалитетот и квантитетот на влијанието на оние што треба да ги заштитат?

А треба да се запрашаат, кого штитат и за која цена, кој добива, а кој губи со нивното присуство на седницата и со притискање на копчето „ЗА„ за закон со кој го канибализираат народот на кој припаѓаат или припаѓале нивните претходници. А треба длабоко да размислат и тие и нивните поколенија на кого ќе припаднат и што ќе бидат, дали ќе бидат само лица со лузни и можеби маски. Ни ординациите за естетска хирургија нема да бидат од помош.

loading...

Ве избраа да бидете претставници на народот во највисокиот законодавен дом, што подразбира покрај тоа што ќе гласате за нови предлог закони, треба ѝ да ги почитувате сите закони, подзаконски акти и деловници кои се во сила. Не е ваша обврска да учествувате во противуставна процедура на прекршување на закони и на деловникот за работа во „вашето„ собрание. Многу добро знаете што требаше да направите бидејќи тоа е сеуште собрание на Република Македонија за чија унитарност пратениците положиле заклетва.

Колку чини задоволството да се биде пратеник и да се ужива пратенички имунитет во закрилата на лидерот? Можеби треба да размислат колку чини нивниот срам бидејќи покрај тоа што се пратеници, тие се ѝ претставници на гласачи кои не им дале доверба ниту право да газат по нивното достоинство. Или и тоа не е важно бидејќи се слепи послушници, а ќе бидат избеглици.

Една од поинвентивните констатации за однесувањето на пратениците од коалицијата „Живот за сите„ може да се најде во неодамнешното писание на професорката Каролина Ристовска-Астеруд каде што се вели дека „треба да си или да глумиш тежок глупак за да не процениш дека гласањето за Законот за употреба на јазиците е тиранија на малцинството и дека е поразорна од тиранијата на мнозинството, по својот обем, баш оти е врз мнозинството, дотолку повеќе кога е комбинирана со сериозни дози на национализам и национал-шовинизам, за кои некои, упорно спинуваат слепило. Сето тоа збиберено со серија колективни комплекси или фрустрации, оправдани или не, па те вгнездени инфериорности, те извештачени супериорности без покритие”

При разгледување на предлог закони, должност на пратениците е да побараат да им биде доставена анализа на трошоците за имплементација на било кое законско решение (фискални импликации). Нема ништо бесплатно. А имплементацијата на законот за употреба на јазиците ќе чини многу. Да импровизирам, тие трошоци нема да бидат помалку од 6 милијарди денари или 100 милиони евра на годишно ниво, без скриените трошоци кои не може прецизно да се предвидат. Повеќе од 100 милиони евра, но не еднократно годишно, туку секоја година и секоја наредна година по толку или повеќе. Ама за нив што се 100 милиони евра тие се пратеници-послушници, нека му ја мисли тој што им наметнал да гласаат за такво законско решение и тој што треба да се грижи за државната каса ни крив ни должен, министерот за финансии. И во Данска и во Албанија се бара анализа за долгорочните фискални импликации за било кое законско решение.

Ќе заврши овој пратенички мандат и потоа што ќе прават дури и да не се кандидираат на следните избори. Бидејќи надежта последна умира, можеби ќе ги хипнотизираат гласачите во нивните изборни единици со трикови и црна магија.

А во секојдневниот живот пак ќе глумат лудило водени од народната „терај точкот, кучињата лаат, карванот врви„. Ако им дозволат нивните сограѓани затоа што на секоја акција има и реакција.

Горан Анчески, Потпретседател на ГРОМ

loading...

5 Comments

  1. kire

    BRAVO UBAVO I PRAKTICNO SROCENO I VO CELOST VISTINITO . LUGE OTVORETEGI OCITE DRZAVATA ODI TAA NEE PARICKA ZA PODKUSURUVANJE MAKEDONIJO OTVORENA REVOLUCIJA DO CELOSNA CISTKA NA PREDAVNICITE KODOSITE I SIPTARITE ARNAUTITE .

  2. The who

    Izvini vaka ama KOJ KUR SI TI?

  3. Solun Skopje Sandanski vo Mk

    Ova vo sudski/praven zhargon se vika Ubistvo so premisla !!!
    Ubavo znaeja sto pravat…

  4. Zlatko

    Formulata E MNOGU Ednostavna : Imeno Se ZBORUVASHE oti Sekoj PRETENDENT za Minister Mora Da Plati 500.000 Evra kaj V’ceto pa Po Taa LOGIKA na Ovie ABDALITE na sds vo PARLAMENTOT im Se Predadeni pr.500.000 Evra , E Sega Ovie AJDAMACI i Selski FUKARI Ke IZDRZAT PLUKANJE i OMALOVAZUVANJE (Takvi Se RODENI = NUZNIK) pa Potoa Ke Se IZVINUVAAT i ke Gi Obvinuvaat Crpko=Rada + Petre Pijanicata + itn. a i Ke RECAT Oti FAMILIJATA im Bila na NISHAN pa MORALE pa Zatoa Kako POKAJANIE ke Gi DONIRAAT “”SITE””=250.000 Evra ili Vo Najdobar Slucaj 300.000 Evra na DRZAVATA i NARODOT , DALI e Sega JASNO ( NE SE Tolkavi DEGENERICI da Odat so GLAVA niz SID BETONSKI ) a ako SAKATE SPOREDETE i so 1 ili 1.500.000 Evra “”MATEMATICKI PRECIZNO”” RAZMISLETE

  5. Александар

    Да г. Анчевски во право сте кога сега зборувате како опозиционер, но зошто толку брзо заборавивте како се однесувавте и што се правевте до вчера кога бевте на власт. Зошто ги заборавивте 24 Деќември 2012, 27 Април 2017, криминалите од бомбите, нарачаните судски процеси, неконтролираното трошење на народните пари и многу многу други кршења на Уставит и Законите. За жал ова не е само ваш изум сите Македонски влади се однесуваат по ист терк но вашето владеење со ДПМНЕ е ненадминливо. Со нетрпение го очекувам денот кога граѓаните конечно ќе сватат дека водењето на државата не е фудбалски натпревар и не треба да навиваат за својата еќипа.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

April 2018
M T W T F S S
« Mar    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

iNFOMAX.mk на ФБ