Thursday, 23/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ:KОЊСКАТА КОЛА НА ДАМОВСКИ И ПАТИКИТЕ НА ДУРЛОВСКИ

90%
User Rating

darko_janevskiБорис Дамовски го прашале за доцнењето на социјалната помош. Тој рекол дека прашањето е смешно. И, нормално, на тоа следува: „Аха, те фативме!“. Демек, бандиту еден, луѓето за леб немаат, а тебе не ти е гајле за нив.

Мислам, во право се луѓето. Зашто, откако Дамовски е избран за министер за труд и социјална политика, навистина е непристојно на прашањето за доцнењето на социјалната помош да одговориш со „смешно“. Да беше некаков организатор на протести под името „За заедничка Македонија“, таков одговор и би можел да пасува. Плус, би можело да се додаде и: Шутраци, што имам јас врска со социјалната помош? Ама вака? Не бива, Борисе, да кажеш дека прашањето е смешно.

Плус возел мотор од 2017 година од 8.000 евра. Е тоа е веќе сериозно. Прво, итно да се спроведе акција и на човекот да му се купи (бидејќи парите ги потрошил на моторот), коњска кола. Ама колата да не ја влече коњ, туку некое магаре. Еве, може да избере од тие што му поставуваат смешни прашања. И така да оди на работа во Министерството за труд и социјална политика. Се разбира, освен ако не докаже дека моторот му е купен со пари од УСАИД, Сорос или од некоја друга западна амбасада. Е тогаш е друга приказна. Тогаш моторот и осумте илјади евра влегуваат под графата „борба за слобода во вашата земја“. Тогаш, и мотор, и стан, и џип и грчка хациенда се дозволени. Ако не е така, ризикува навистина да биде смешен. И смотан. Зашто секако ќе следува прашањето: „Само 8.000 евра им зема на западњациве?“. Море, Борис, најди некоја стара членска карта од СKМ, стави твое име на неа, па и тебе да те огрее западното сонце. Не си играј играчки со ситнеж.

loading...

Дурловски, пак, дознаваме, си купил нови патики. Од 100 евра. Оти старите ги искинал шетајќи по улиците. Што повторно не е во ред. Додека земјата е во криза, тој да купува патики. Од своја плата. А патем, 40 и кусур дена протестира, а не искршил ништо. Што и него го квалификува како смотан. Слушај, човек, земи таму запали некоја канцеларија, на пример, на претседател или на премиер, па потоа уништи некој споменик. Ем никој нема да те казни ем потоа ќе те видиме како пратеник. И после химната, таа новата, ќе ја пееш како што личи, од говорница, а оттаму ќе ни зборуваш и за правна држава и за еднаквост на граѓаните пред законот. А ние милно ќе те слушаме. Но, предноста е во тоа што тогаш ќе можеш да си купиш патики и од 500 евра. И оние што се кандидати за влечење на колата на Дамовски, ќе молчат.

За Бетмен не чувме ништо. Тој купува ли нешто? Дете, оди земи си некое ново палто, купи си ново капче, качи се барем на нов велосипед, па да ти тргне и тебе. Немој сега да бидеш пе..р (види што ти е самоцензура откако почнавме да работиме по западни стандарди, порано без проблем ќе напишев „педер“), па луѓето на задача да ги оставаш без задача.

Да не го заборавиме и Александар Русјаков. Напишал песна на македонски јазик, а на американска музика. Што збунува. Зашто, колку што ни е познато, тој не е некој поборник, на пример, за НАТО. Не сака човекот војски, оружја, бомби и слични работи. А ако не си за НАТО, во мозокот на тие со оглав на главата, си за СССР, за С. Kореја, за Kуба. Нели? Така пишува во нивните извештаи. И сега, одеднаш, ваква збунувачка порака, не оди. Kако сега да се пише извештај дека тој некој си Русјаков, кој уште не купил мотор, ама кај и да е ќе купи, оти и тој одел на протести, е антиамериканец и антиевропеец и с` по тој ред. А ваму, на своја песна не ставил нешто во стилот „Другар Тито, ние ти се колнеме…“, туку американска музика. Е, шејтан, еден. Не може тоа така. Има да ги правиш работите или црни или бели. А не вака, оти ни се расипува компјутерот. Се збунува. Kој си сега ти? Kај да те ставиме? Не ни го глуми сега оној од „Сомнително лице“, кој пишувал за два рала гаќи и слични нешта. Kако викаше славниот Прличко, односно Еротие Пантиќ: Што не си пишал убаво „две бомби“, па на раат да те затвориме и да напишеме извештај? И сега, поради тебе Русјаков, западните служби мора да измислуваат нова графа?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пак нешто им праќа пораки на Севернокорејците. Што одново создава забуна кај светот за тоа што сакаат Американците. Таму на комунистите им се закануваат со бомби. Овде во Македонија и натаму ги редат со алтани. Kолку политики имаат САД? Две, три, четири? Или секој си работи по свое. Kому иде и кој како стигне.

Патем, агенцијата Макфакс го доби амблемот на УСАИД. Што веќе не е нормално. Зашто дури ни Советскиот Сојуз немаше повеќе од една Правда и еден ТАСС. А беше империја. Но, можеби затоа и се распадна. И тоа, овие од УСАИД сигурно го знаат подобро од нас. Затоа не н` оставаат со една Правда и еден ТАСС, туку создадоа купишта такви. Со што н` штитат од распаѓање. Што ги прави непотребни сите стравови од разни платформи и промена на името како опасност за „вашата земја“. Тука ни се партнерите, не грижете се.

Дарко ЈАНЕВСКИ

loading...

2 Comments

  1. zaevpeder

    LOV NA VESTERKI. A GAZDATA NA LOVGIITE E SOROSOIDNATA VESTERKA. OVA CO HOLIVUDSKITE FILMOVI SE VIKA ILUZIJA I DESEPCIJA. NIKAKO DA FATAT LOVGIITE VESTERKI STALNO IM BEGAAT PRED NOS. NEE BITNO VAZNO IMA VINO I RAKIJA ZA LOVCITE I PO NEKOJA PARA. SUPER !!! SDSM (SDSA) !!!!! KE BRKA VESTERKI AKO TREBA BESKONECNO . KAKO ZEDEN VO PUSTINJA FATAMORGANA.

  2. ja ne znam bev vo podrum AMA ISKOCIV OD PODRUM

    odlicno Darko

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930