Sunday, 22/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Автопатот на рушветџијата!

98%
User Rating

Од огромната народна енергија подигната од активностите на Никола Димитров во Атина и пред се на Зоран Заев во Бугарија, други работи, исто така важни проаѓаат безмалку незабележани. Дури и подзаборавивме на Тиранската платформа.

Сепак, патем, да им “честитам“ на 350-те илјади Македонци што гласаа за Заев па преку тоа станаа поголеми бугарски националисти, шовинисти, фашисти и анти-македонци од Красимир Каракачанов и Божидар Димитров заедно. Тие наши сограѓани станаа измеќари по теркот на бугарскиот подопашници во времето на Втората Светска војна кон Хитлер, и во времето на втората половина на 20-тиот ве кон СССР и Сталин. Честитам дами и господо, по старата востановена бугарска тактика, се продадовте за “две червени“.

Да се вратам на главната тема на овој текст.

Престанаа да се градат автопатиштата?! Имало “дупка“ во проектот, финансиите, изведбата, што ли?!!!

loading...

Тоа се се измислици на црпнатиот лидер кој ќе донесе “нов живот“. Порталите и новинарите што пишуваат за клизишта, лош терен, лоша изведба – појма немаат за што се работи. И покрај сите истражувања, секој автопат (вклучително и најпознатите како Аutostrada Del sole, Berlin – Munich Reichsautobahn и сл.) секогаш имале изненадувања и доработки на теренот, подземните води, карпите, седиментниот материјал…

Но, велам, тие што пишуваат се од машинеријата на Гериз, Борјан, 24ВЕсти, Саки внукот на кодошот од Беломорска Македонија и слични пробисвети.

Не, не… Нема дупка во автопатотот, ами има ист пристап како Бранко Црвенковски кон пругата со Бугарија каде што пет пати поставуваше камен темелник за отпочнување. Нема дупка, ами има докажана стратегија за уништување на Македонија, во случајов инфраструктирно. Комплетно гледано, уште не минаа 30 дена, Зоран Заев и СДСШ, поткрепени од своите 350.000 гласачи удрија по образованието за да имаме неуки и тупи деца, удрија по земјоделците бидејки тие гласовите ги даваат на “сељачката“ ВМРО, удрија по уметниците, удрија по идентитетот и територијалниот интегритет на државата. Она што Македонските револуционери, патриоти, комити, партизани, политичари, политички затворенци, влади го направија во последните 130 години – Зоран Заев покрепен со гласови од 350.000 наши сонардоници, успеа да го сруши за месец дена.

Браво.

Градењето на автопатиштата е инфраструктурно, финансиско, меѓународно и безбедносно прашање.

Со прекинот на изградбата, сите овие сегменти се рушат.

Автопатиштата се градат со помош на супер поволни кинески кредити со голем грејс период. Тоа се кредити на Република Кина што како вредност од 10 милијарди долари ги одвои за земјте од Централна и Југо-источна европа. Кина не се меша политички, воено и безбедносн во ниту една земја во светот – но, влијанието го остварува со помош на финансии, третирање на државите како партнери, давање кредити под услови кои го рушат монополот на Светска банка и ММФ.

Кина е членка на Советот за безбедност на ООН. Не има признаено под уставно име. Еднаш, со помош на американскиот шпиун Васил Циле Топурковски, а благодарејки на наивноста и алчноста на Љупчо Георгиевски, Македонија ги отстрани кинезите од кај нас. Се сеќавате, нели?! Со “Милијардата на Циле“, со признавањето на Тајван (тоа е како Кина да ја признае независноста на Тетово), со повлекување на Кина од резолуцијата на ООН, односно од меѓународна заштита и контрола на севераната и северно-западната страна. Потоа, лесно дојде до напад на суверената држава Македонија од страна на ЕУ и НАТО протекторатот.

Сега, ете, повторно со истата стратегија се откажуваме и ја елиминираме Кина. Кинезите, нивната дипломатија и држава еднаш ни простија. Тука огромна заслуга има Претседателот Иванов. Но, скептик сум дека и втор пат ќе ја превесламе најбројната нација на светот и државата која во финансиско заложништво ја држи САД.

Како што прецизно откри Цветин Чилиманов, американците инсистираат патиштата на Балканот да ги гради нивната фирма Бехтел со нивни кредити со големи камати. Финансиската пирамида од автопатот во Косово, премислувањето од страна на Црногорците кога од кинески инвеститор и изведувач прејдоа на Бехтел како изведувач – и сега, исполнување на желбата на Филип Рикер од пред повеќе години Скопје – Штип и Кичево – Охрид да ги град Бехтел, ја комплетира сликата за патната инфраструктура кај нас и во соседството.

Секако рушветџија од типот “Едно евро за Вицето“ нема да ја испушти можноста да ги изрекетира кинезите. Процедурата ја започна преку средбата со кинескиот амбасадор. Во случајот на нелегалниот премиер на Р. Македонија се работи за безмозочно суштество кое покрај тоа што нема чуство за срам, одговорност, патриотизам, чесност, историја – туку нема и страв за својата и иднината на својата фамилија. Нему судбините на Глигоров, Трајковски, Џинџиќ, Џемал Биједиќ, Лех Качињски не му се во видокругот…

Па така, од безмалку финиширани автопатишта, сега ќе мораат и оние гласачи на СДСШ што гласале за нивниот црпнат лидер да патуваат за Штип и Источна Македонија, односно за Охрд и југо-западна Македонија по досегашните патишта.

Да се послужам со констатацијата на еден мој кавадаречки пријател (Тасев), со кого заедно навивам за Македонија во Полска, “не се реформи укинување на екстерно, стопирање на изградба, бркање на луѓе“… Реформа може да е нешто што ја подигнува досегашната ситуација во некоја област. А не може да е реформа ако одиш во процесот назад. Односно, како што брилијантно би констатирал Љубомир Цуцуловски “Тоа би била историска стагнација. Или, во полоша варијанта, историска инволуција“ (книга “Разни сказни“ од 2002 год.).

Црпко заедно со своите 350.000 следбеници прави ИНВОЛУЦИЈА!!!! Историска стагнација. Море назадување, би рекол.

М. Неделковски

22.06.2017

ЕУ

loading...

6 Comments

  1. Zlatko

    Brilijatno Nema Sto.?? No Da PODSETAM Crpko-Opinok br”38″ e NIKOJ, toj E EDNA Mala Kuklicka na KONEC Vo Racete Na Bejli so Sovetnikot Tesla I TOCKA.?? Strashno e Sto NIKOJ Ne Gleda Koj E VISTINSKIOT PULEN Na Cadorot Toa e LADNA-TRAJNA Rada Koj e CADORSKI Proizvod Odgleduvan Kako GMO, no Problem e Sto Kutrata Rada NE E POPULARNA ni Vo sds Vakov Kakov E NIKAKOV.?? A za Rushvetgiite od sds Ne Treba Mnogu Mudruvanje PRIMERI Kolku Da Se SAKA, Bugarskata Pruga Pocna so Strucna Procenka Od Nashiot ArhitektonskoGradezen Institut so 160 milioni ger.marki Stigna So Germanski Experti do 320 Milioni ger.marki i na Kraj Realiziran Eden(1) MOST i EDEN(1) Vijadukt i Dva(2) Mosta i Vijadukt Polovicno Koi Sega Patem Receno Mora Da Se RUSHAT i Od Novo Da Se Gradat oti Popravkata Vredi Mnogu Poveke Otkolku da Se Srushat i IZGRADAT ODNOVO, ponatamu So Patot kon Prilep Kaj VELES Pred Sekoi Izbori BC and Co. so Svetlikavi Lopati Sveceno Secea Lenti Za Otpocnuvanje Na Gradba na Ovoj Pat a na Poslednite Koga Ucestvuvashe BC Turija i ASFALT po NEKOLKU KVADRATI..?? OSTANUVA Samo FAKTOT Sto “”MAKEDONCI””Glasaa za OVAA TRAGIKOMICNA Piesa na Bejli (TESLA) and Co. KInezite Se I Premnogu Pametni Da Ne Ja Gledaaat Vistinskata SLIKA – VERUVAM Nema Da Nasednat Na GLUPOSTITE na Cadorot Bejli so Portirot Ji koj Patem Receno Go SEDNA V SKUT i IVANOV”Nacionale”so STO Go Vrati Povtorno Kako””HORHE””a za DPMNE Da Ne Zboruvam,, SE NADEVAM Eden DEN Ke Ja DOZNAEME Vistinata Za Kakov Pritisok i Zakani Stanuvalo Zbor PA ZAEDNO KE CENIME””Koj Sto i Kako””Se Nadevam Mnogu Brgu..?? Na Kraj Da REZIMIRAM Onoj Sto Se RODIL ABDAL Ke Si OSTANE ABDAL Samo Moze Da E POGOLEM ABDAL a NIKAKO Pomal..??? GOSPOD E GOLEM “”JA CUVAL I KE JA CUVA MAKEDONIJA”” No Edno DA SE ZNAE “”GOSPOD MOZEBI ZABAVA AMA NE , NIKOGASH NE ZABORAVA Mislete Mu Ja GNIDI i ISTRESOCI Od SEKAKOV SOJ so Isklucok Na On/Off Plemeto Oti Tie i Taka Se DIVJACKI-ABDALI vo Racete Na BOGOHULNICITE Kako Bejli and Co.So IZRODITE Kako Tesla and Co. i Abdalite od CrpkoRadovskata Opincarska BANDA

    • Бозон

      “SE NADEVAM Eden DEN Ke Ja DOZNAEME Vistinata Za Kakov Pritisok i Zakani Stanuvalo Zbor PA ZAEDNO KE CENIME””Koj Sto i Kako””Se Nadevam Mnogu Brgu..??”
      Ова е клучна реченица за целиов инсталиран рашомон.

    • makedonski

      Dali može nekoj da go kaže so ime i prezime sovetnikot TESLA ke bideme mnogu blagodarni. Listata sekoj den ni se kompletira no ima nekoi praznini i zatoa ke ni bide potrebna pomoš od site koji imaat odredeni informacii da gi spodelat so nas tuka točno so ime i prezime.
      Pravime dosie na predavnici dokumentirano so nivnite aktivnosti izjavi i site dejanija protiv makedonskiot narod i makedonskata država.
      Toa ke ni bide patokaz za predsuda, na neko ke im sudi narodot na nekoi ke im sudime nie.

  2. Mimi

    Правата слика од прво до последно ! Браво Миленко

  3. grobar ...

    Seto toa drzi voda Milenko ama imame eden mal problem … na onoj crpnatiot nikoj ama bas nikoj nisto ne mu moze,lepotanov kako vo bezsoznanie si ja vrsi rabotata,edinstven spas veruvale ili ne ni se siptarite,da,da zelkite … ako vo slucaj ne im gi ispolni “zelbite” pa ovie da ja butnat vladata ( sto sepak malku mi e verojatno ) … dodeka vo slucaj da go ispolni vetenoto e togas problemot e kaj nas,vo nasi race,nie go resavame,sekako vo stilot na spontani ustanak protiv raznebituvanjeto na drzavicevo nase,prezemanje na Sobranieto po sekoja cena,naglasuvam po sekoja cena i na celo na drzavata se formira “vlada na spas” … koja poleka ama sigurno ke si probutka drzavava do sto poskoresni izbori … uste nesto ke povtoram kako i pred nekoe vreme,dvizenjeto “Za Makedonija” trebase i morase da gi drzi protestite pred americkata ambasada,demonstriranjeto 70-na dena pred ambasadta ke imase maksimalen efekt vo svetskite mediumi i mislam ke imase poinakov efekt … ali jebi ga sega e kasno … inaku za vistinata,zakanite i pritisokot seto toa e manje vise nevazno t.e. sto ako doznaeme … koga veke se znae kade e izvorot ….

    • makedonski

      Ništo ne e kasno ne moj da bideš takov pesimist doprva ke se slučuvaat raboti,makedonija ke se okrene naopaku i ke se istresat site predavnici od nea na ovoj i onoj način.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031