КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Што покажа митингот?

  • June 4, 2018

По објавувањето на колумната „Што покажа митингот?“ на сајтот на Миленко Неделковски, Дудинка.мк, истиот беше под напад и онеспособен за работа.

„Заради оваа моја вчерашна колумна, Дудинка синојка претрпе масовен хакерски напад.
Непријателот краткорочно, само неколку часа, успеа во намерата да ја замолкне слободната мисла.
Дудинка е повторно пред вас.

Смрт на фашизмот.“ – напиша Миленко Неделковски на својот ФБ профил утринава.

 

Што покажа митингот оддржан во сабота вечерта?

Прво и основно, односно најзначајно, митингот го покажа она на кое и при пофалби и при критики кон ВМРО ДПМНЕ сум го пишувал, а тоа е дека оваа партија е единствениот политички и општествен субјект под чив бајрак може да се сполти Македонскиот народ. Таа партија има членство, организација, искуство, име и имиџ да го поведе народот, но во исто време има историско наследство кое ниту една друга партија го нема.

Значи, ниту криминално-квислиншката збирутинка наречена СДСМ, ниту комичните обиди на Бачев и Мицов, уште помалку разно разни либерали, зелени, либерал демократи и слични не може ниту да се приближат до ВМРО ДПМНЕ. ВМРО е свето име, сраснато со нашата коскена срж, внатре во нашето ДНК, и токму затоа секој обид на било кој странски окупатор и домашен квислинг однапред е осуден на неуспех оти мора да се соочи со народот. Со Македонкиот народ.

ВМРО ДПМНЕ без разлика на тоа дали бележи успеси или падови, без разлика на тоа што за лидери имаше едно големо бугарофилско разочарување во лицето на Љубчо Георгиевски, а следниот лидер Никола Груевски го красеше основен недостаток на безбедносна култура, да е сега партијата со човек кој е тотална енигма за пошироката јавност…, ВМРО ДПМНЕ без разлика на грешките во кадровската политика кога имала задоени бугарофилски (Доста Димовска) или неуки про-атлантистички кадри (Александар Николовски)…, ВМРО ДПМНЕ без разлика на идеолошките салта морталеа, погрешните процени, вонуставни договори (Хашки случаи, Мајски договор, Пржино 1 и 2…) – сепак, Е НАЈГОЛЕМАТА И НАЈМОЌНАТА ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО МАКЕДОНИЈА. Од осамостојувањето до денеска.

Зоран Заев користеше бомби од Верушевски, Гарет и италијанскиот амбасадор, како и комплетна логистика обезбдена од Џес Бејли за да го сруши Никола Груевски. Сега е прашањето дали, како, колку и кога Христијан Мицкоски ќе ја искористо оваа атомска, море хидрогенска, термонуклеарна бомба што му ја даде Македонскиот народ со присаство на над 60.000 луѓе во саботата навечер. Бидејки, дури и оптимистичките внатрепартиски проценки биле задоволни ако се соберат 20 до 25 илјади луѓе. А дојдоа три пати повеќе.

Што ќе прави Мицкоски со овој центршут а-ла-Драган-Џаиќ што го доби од народот, ќе видиме. Јас би посакувал маказици како оние на Герет Бејл.

Толку за Мицкоски и неговата партија. Сега малку за народот.

Народот, длабоко сум убеден, овој протест не го разбра само како партиски протест на довчерашната власт во државава. Напротив, народот си го разбра овој протест како сенароден, што на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ треба да му прави огромна чест, но да знаат дека тоа истовремено е и огромна одговорност. Народот, имено, си го разбра собирањето во саботата како протест против се она од кое е незадоволн. Иако дел од тие работи од кој не е задоволен и на кој јавно им се спротиставува ниту беа најавени при закажување на овој настан, ниту пак се најдоа во говорот и пораките од митингот, народот се собра и за да изрази незадоволство од безалтернативното и глупаво инсистирање на евроатлантските интеграции, заради незадоволство од Тиранската платформа, договорт со Бугарија, неуставнооста и незаконитоста на постоењето и функционирањето на сегашниов законодавен дом, за секојдневнто мешање на западните дипломати и амбасадори во внатрешните работи во Македонија, заради понижувачкото и поданичко однесување на државните претставници пред странските моќници.

Народот, исто така, покажа дека не се вистинити обвинувањата од соросовите и СДСМ-овските спинер мајстори дека ВМРО ДПМНЕ (додека беше на власт) под присила и со уцени ги собирала луѓето за на митинг! Народот покажа дека не е тука заради сендвич и сокче. А Скопје покажа дека е со своите сонародници од провинцијата тогаш кога митингот/протестот е спонтан, потребен и искрен. Скопјани во саботата беа на улица, како никогаш досега.

Народот, многу важно, покажа огромна толеранција и широко срце, народот покажа дека не е злопамтило, па иако ВМРО ДПМНЕ не излегуваше на разно-разните народни собири во последнава година дена (особено маркантно беше на 27-ми февруари), народот мина преку таа навреда и дојде со цела своја душа и енергија на митинг што значи почеток на ослободувањето од оваа странска фашистичка интервенција и домашна квислиншка бирократско-полициска апаратура.

После саботниот цунами од луѓе, можам да замислам како им е во нивните души, но и во нивните домови и семејства, на сите судии, инспектори, моментални полициски началници, локални политичари, членови на скопското подземје – кога им стана јасно дека гарнитурата што ги користеше нивните услуги, гарнитурата на Зоран Заев, е на заминување. И тоа заминување нема да биде мирен трансфер на власта, ами ќе биде бламирање на сите сегашни членови на советничкиот тим, PR стручњаци во владата, разни советници по министерствата. Секако најтешко ќе им е на оние што ќе мораат да одговараат за велепредавство.

Како ли се чуствува Кацарска сега?! На што ќе личат Ѓунер, Бубо Каров, Коко Бојаровски, Амон Сра, Бошњаковски, Поповски, Забрчанец и слични?

Сите злодела, местенки, изживувања се документирани и од одговорност нема бегање. Од судии до силеџии.

Во саботата вечер, сметам дека Зоран Заев беше благодарен што една лага, од оние милиони што ги кажа оваа година, остана лага. Излажа дека ќе неправи клупи од оградата, ама пустата ограда, таа што Никола ја правеше, остана. И го заштити работното место на Заев.

Македонија во полни 5 месеци два пати супер масовно излегува на улици против Заев и Бејли. На 27-ми февруари и на 2-ри јуни.

Сега враќање нема. Мора да се оди на избори.

Се надевам дека Хрстијан Мицкоски нема да е наивен а и ќе расчисти со дупљаците во неговата близина, па нема да дозволи да биде наместен со Бејлиево сценарио, како што го јадеше Никола Груевски во декември 2016-та и лани за локални.

А и народот, тешко дека ќе дозволи да биде застрашуван.

Бомбите пројдоа. Судски рочишта се во тек. Таа сага заврши. Кој е виновен ќе си одговара, кој не ќе биде колатерална политичка жртва.

Баласт од бомби и слични местенки Мицкоски нема. Па на гласање ќе се оди да се бира помеѓу зло какво што е СДСМ и Зоран Заев и нешто ново и свежо.

Колку е добар Мицковски, колку е освежено ВМРО ДПМНЕ, секој од нас ќе може самостјно да си процени.

Но, какво и да е, што и да е, од ова сегашно зло секако е со светлосни години подобро.

Миленко Неделковски

Претходно «
Следно »

loading…