КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Не садете тикви со рогатиот, бидејќи го обравте бостанот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што да ви кажам кога се’ знаете. Ова е вообичаена фраза, којашто никако светот и народот да ја разбере. А, јасно е како ден. И прашувам: Дали знаете воопшто за кого гласате или се залагате?

За вас или за некој сосема друг, трет, петтти и така по ред до илјада или најмногу две илјади кои секогаш најмногу си профитираат од вашите гласови. Преку ноќ стануваат од “говедари” “кралеви”, од “голтари” “грофови” и така, ред по ред, редици на воени профитери и безобразни мангупи со шверцерски манири.

Е, мој народе, истото и сега ве очекува!

Се мразите, се гневите, ја ставате јамката околу Вашиот врат и ќе се обесите, а потоа ќе висите на срамниот столб бидејќи самите сте си го одбарале срамот.

За чудо, тој срам кај некои македонски политиканти не постои! Го изеде и однесе водата и тоа онаа застоената, во којашто се појавуваат само “полноглавци”. Но, за жал, во таа форма остануваат без метаморфоза како храна за птиците или со метаформоза во жаби чекајки го “принцот да дојде”, да ја бакне жабата, а таа да стане “прекрасната убавица”!

Тоа се само бајки за деца, веќе и кај нив не минуваат, бидејќи поминаа времињата кога покојниот Борис Мајсторов ги читаше 1001 приказна за добра ноќ. Сето тоа е заминато во неповрат. Денеска децата се раѓааат со диплома и, тоа каква? Диплома од највисок ранг експерт, како да си ја опљачкаш државата? Експерт, како да си го излажеш народот? Експерт, како да си ја предадеш државата. А, тоа подразбира да го продадеш нејзиното име, идентитет, јазик, историја, и се’ што е пропратно, само со една цел! А, велиш: Јас политичарот! Јас владетелот! Јас богатиот и недопирливиот!

И бидна, се оствари сето ова. Тие станаа тоа што го посакуваа од мали нозе, ем мангупи, ем шверцери, ем шибицари. А, народот со став: Преку ноќ милионери, кој не’! Голтари, нотари, извршители, тапетари, брашнари, и кој не!

Народот повторно вели: …На сон им дојде свети Јован и порачал – Копи тука, ваму и таму, и ќе станеш тоа што отсекогаш си сакал!

Така и се случи….

Копни ваму, копни таму, насекаде дупка до дупка и државата се стори швајцарско сирење со една цел: Да се стане газда, недостижен за обичните смртници. Народот, за жал, и натаму слепо им верува!

Затоа, мој народе, освестете се или онесвестете се… Не правете ги повторно истите грешки, оти навистина овојпат Ви нема спас! Ќе ве снема од глобусот и картата на народите и за тоа Вие ќе бидете одговорни, за секоја негативна појава и владение што ќе се случи и се случи во државата доколку вашиот глас свесно или од инает или омраза го дадете на јавачите на злото и разнебитувањето. Кој и да биде и како и да се вика, а се претствува како спасител, владетел, или човек од доверба, од збор за подобра иднина, живот или перспективна Македонија!

Прашувате кој колку Вашиот глас го купува и продава? Дали вашиот глас е на распродажба? Ако го дадете гласот за нешто што се вика ефтина стока, тогаш од вас им успее да ја постигнат целта. А, таа е: Вие сте безгласно слово, како во општеството така и дома!

Ништо денеска не може да се скрие. Ниту кашлицата, ниту лагата, ниту бременоста, ниту прдежот в гаќи.

Кога сме на онаа последното, се обзнани и големата тајна на големите мајстори на кујната, а тие, знаете, се махери за се’ и во се’.

Мајсторите на кујната уште во 1988 година јасно и гласно ја скроија капата на поранешна СФР Југославија. Дадоа милијарда долари како да ја нема во Европа и во светот, бидејќи тогашната СФР Југославија претставуваше унија во унија.

Да биде поразбирливо: И агентите на ЦИА јасно и гласно проговорија дека за растурање на СФР Југославија им беа дадени милиони долари. И успеаја со планот за растурање на поранешна СФР Југославија.

Оттука и приказната или рецептурата на мајсторите на големата кујна. Како да се избрише Македонија од картата на народите и на државите?

Затоа се користат сите можни иструменти и стратегии. Не теории на заговор, туку по римската “Раздели, па владеј!“

Чекор по чекор се стори цел марш против независна и заедничка унитарна мултикултурна Македонија, каде едно како ден е јасно: Државотворен народ е народ кој себе си се нарекува Македонски, со идентитет, со јазик, со култура, со територија и со историја. Впрочем, што има тука спорно, кога е се’ како ден, јасно!

Историјата е доведена на распродажба и на потсмев. Дури со подбив и кон луѓето кои ги дадоа своите животи за Независна Македонија. Тука се светлите датуми, Илинден 1903, 11 октоври 1941, 8 септеври 1991. Небаре се родендени или имендени на политиканти кои ги трампаат кога сакаат и за што тие ќе поскакаат, фалејќи се притоа дека Македонија ја донесоа до вистинската цел: Европска Македонија со европски стандарди. За какви стандарди, Ви се молам, кога самите себеси се продаваме, самите се нудиме како ороспии, дека ќе успееме да ги задоволиме вкусовите на насилниците?! Тие ништо не бараат со пристојни предлози, напротив земаат и заминуваат, оставајќи ја ороспијата во дупката што пропаѓа од каде што ја извадија, а потоа низ вода да ја пуштаат.

Ќе се навратам на светлите датуми, како што е 11 октомври 1941 или денот на востанието на Македонскиот народ! Чиј е 11 Октомври 1941? Дали е на Бугарија или на некоја соседна држава? Доколку не е на Македонија и Македонскиот народ?

И конечно, да биде перверзијата уште посочна или потешка, по 15 октомври, доаѓа 16. И така по ред, се’ до крајот на оваа Господово лето.

Но, следува дефинитивно највалканиот чин во ова перверзија: Промената на името!

Дефинитивно, мој народе, Ваше обезличување и обезглавување во делот на Вашето постоење како идентитет, јазик, култура, историја и територија, се’ што е македонско. Договор или беса, тоа е тоа, што падна на маса, но не од небо, туку од големата бара, преку Калето директно на Бихачка и во Речица…..

Јасно и гласно и се’ е кристално. Македонија мора да исчезне од сите учебници и писанија, со еден збор да ја нема!

Се работи за натпревар на идеи и проекти, а добри и целисходни за народот. Јас со леб тебе, а ти со камен по народот.

За среќа, има и предлози за кои вреди да се каже: “За секое дете односно ученик од прво до петто одделение, бесплатен и здрав појадок! Тоа е она вистинското: Браво! Би посакал сега и денес, одговор од луѓето, кои нудат “живот“ посилен ако имаат предлог? Тоа е демократија. Тоа е вистинскиот натпревар на идеи за просперитетна Македонија, а не политика на разнебитување и бришење на државата Македонија и нејзината историја од читанките, од глобусот и атласот на светот! Само така се гради куќата Макединија! И на крајот ќе кажам: Почитуван Македонски народе, почитувани Македонци по род и по државјанство, водете сметка кому ќе му го дадете ГЛАСОТ, бидејќи ова ви е ПОСЛЕДНИОТ испит и ТЕСТ за Вашиот опстој како Македонци и како Македонски народ!

Верувајте, поправен испит нема да има! 11 декември, поради Вашиот инает, омраза и меѓусебно нетрпение, ја доведовте Македонија да биде ставена на лицитација или тотална ликвидација, што ќе кажат трговците, на распродажба по сите аршини!

Доколу и сега, на 15 октомври, го повторете 11 декември 2016, и денот на лагата 15 септември 2002, тогаш ни “М” од Македонија нема да остане!

Ќе се послужам со пораката на “таткото” на партијата која во Македонија гарантира ЖИВОТ, човекот со членска книшка број ЕДЕН, Киро Глигоров. Тој знаеше да каже: “Македонија е се’ што имаме!”

ПОУКА: Не садете тикви со рогатиот, бидејќи го обравте бостанот!

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This