КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Баксуз!

  • February 17, 2018

Да кроиш лозје на црвен тепих, значи да немаш осет за реалноста, амбиенотот за кроење лозје во месец фебруари е да газиш во кал. Кутрото лозје, мислам дека ќе помине со род исто како нашите ракометари во Вараждин. Се сеќавате кога Заев отиде да ги поддржи и наместо среќа, баксуз им донесе. Не потепаа, по катастрофално никогаш не сме губеле.

Исто и со Грците, нон-стоп си губиме. Како тргнало ќе биде 7-0 во нивна полза. Заев рече дека од 7 точки за 3 веќе постигнале консензус. Човекот мислел дека им угодил на Грците. Не, тие не се задоволни, а и Коѕијас си кажа дека за ништо се немаат договорено. Велеа дека за идентитет не се преговара, па испадна дека се преговара. Сега наводно се договориле за 3 точки, па испадна не се договориле. Ова многу ме потсеќа на Тиранската Платформа. Заев викаше дека нема Тиранска Платформа, а од ДУИ постојано го демантираа и на крај испадна дека има Тиранска Платформа. Сега тој вели дека се договориле, а Коѕијас вели не, и му доаѓа со дваест страни предлог договор. Па нели бе има медијатор, нели 20 години зема плата од обединети нации!? Метју нимиц се вика. Како тоа Грците нудат предлог договор? Та нели медијаторот треба да излезе со компромисно решение. Штом Грците нудат предлог договор, тоа е онаков каков што нив им е по кеифот. Ви реков дека кој не преговарал со Грк, не знае како тоа изгледа. Грците ќе глумат преговори до последна секунда и на крај ќе ги испорачаат нај неприфатливите услови за нас.

Каква Горна, Северна, Вардарска или не знам каква!? На крајот ќе бараат да се викаме Нова Македонија. Сега па Бугарите велат дека тие не се согласуваат со географска одредница, оти со тоа нив ќе сме ги загрозеле. Грците си мислат на своите интереси, Бугарите на своите, а Заев мисли на грчко-бугарско-албанските интереси. На Македониските интереси нема кој да мисли. Ако народот не се крене, ако партиите не излезат ќе не шитнат како јагниња за кланица. Слушам дека Зев вели дека градел внатрешен консензус. Од мојата партија ГРОМ нема консензус за промена на името, а богами има и многу други паритии кои се против.

Претходно «
Следно »