КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Дупло голо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Втор пат во два дена МВР се резили пред очите на целата јавност. Овој пат немаа каде за глупоста што ја направија, беа доблесни па се извинија, и тоа го ценам.

Големите сценаристи од СДСМ си влегле во филм па си спремиле комплетна екипа, актери, место на настан, главен јунак и нормално на филмот му треба и акција. Главниот јунак се разбира сум, јас. А кој би бил друг?

Местото на настан, за жал, општина Карпош. И, си имаа донесено своја камера уште од 11 часот, а настанот за кој што ќе ви зборувам се случува во 13 часот.

Имено, во 11.20 часот излегов од просториите на општина Карпош и на излезот пред оградата ме чекаше камера и новинар. Новинарот ми приоѓа и ми вели „г-дине Јакимовски имаме сознанија дека денес од општината ќе се изнесуваат материјали?“. Се зачудив и ги прашав, какви материјали?
Тие ми одговорија, „не знаеме само ни јавија дека ќе се изнесуваат материјали“. Им одговорив, „како само ви текнуваат такви глупости“.

Новинарот дури и ми побара да дадам изјава, јас му одговорив дека немам намера и дека тоа се обични глупости. Дека никој нема намера да изнесува ништо од општината. Ниту има потреба, ниту има што да се изнесува. Ниту пак имам намера.
Јас ни на крај памет за тоа какво сценарио смислиле. По моето заминување, се јавил некој во мојот кабинет и лажно ги информирал дека во 13.00 часот треба да се врши примопредавање и им побарале да се расчисти кабинетот. Луѓево веднаш повикале комбе, отишле во блиската продавница и земале пакети и почнале да пакуваат. Бидејќи се работи за кратко време, сосема неселективно започнале да пакуваат се!

Ги ставиле во пакети сите пехари кои ги добила општината, признанија, плакети, книги, тефтери на кои сум фаќал забелешки, хартии и се она што ми било на бирото, освен официјални службени документи. Витрините во мојата канцеларија беа полни со пијалок. Впрочем, таму сум осум ипол години. Луѓето ми носеле и пијалок, и колегите и пијалкот го ставиле во пакетите. Како и лични подароци. Има и повеќе слики во масло, насликани од уметници кои ме почитувале и ми ги подариле. Семејни фотографии. И, сето тоа ставено во седум-осум пакети.

Кога се вратив од одржаната прес конференција, гледам комбе пред општината, истата камера, истиот новинар, снима ли снима додека комбето се товари. Ги запрашав вработените, што правите? Одговорот беше „ве пакуваме, ни се јавија да ни кажат дека треба да се селите.“. Веднаш наредив се да се врати назад во кабинетот. Иако немав намера денес да селектирам, започнавме со селектирање. Што се мои лични документи, плакети, признанија, подароци, фотографии, слики. Дури најдов и еден многу битен документ за моите родители кој постојано ми го бараа. И тоа ми е најбитната придобивка од денешниот ден.

Пијалоците ги вративме назад, општинските пакети исто така, пехарите таму каде што стоеа. Тогаш колегите ме известија дека шефот на кабинет го повикале „Алфите“. Исто така и секретарот на општината. Продолжив со работата што ја имав започнато, но по пет минути излегов надвор и гледам граѓани кои се расправаат со припадниците на единицата „Алфа“. Тие никого не пуштаа да влезе или да излезе од кругот на општината. Дојде и униформирана полиција. Дури влегоа во општината да проверат да не сме имале заден влез (заден влез имаше градоначалникот што беше 10 години пред мене). Се обидов и на униформираниот командир и на Алфите да им објаснам дека е направена грешка, нема потреба за никаква паника и дека ги селектирам моите лични, од оние општинските работи.

Претставникот на Алфите ме извести дека чекаат инспектори по економски криминал. Тогаш им реков „ај кршете глава и што сакате правете“ и си продолжив да си го селектирам материјалот. По десетина минути дојдоа двајца инспектори од економски криминал, ги видоа луѓето, сликите, личните предмети, подароците, ги видоа пијалоците, пехарите итн. Јасно ни е, рекоа, градоначалниче. Битни работа се наоѓаат во архивата, а не во кабинет на градоначалник, додадоа. Ми се извинија, беа културни и си заминаа.

Сценарио и режија СДСМ. Тие мангупи, ама и јас не сум за фрлање. Им свикав уште една прес конференција на која им честитав на брзината и ефикасноста на МВР, но повторно ги запрашав дали се вака ефикасни во пронаоѓањето на оние кољачите што сакаа да не бодат со ножеви во неделата навечер, на изборниот ден. Никој со нив сеуште не обавил информативен разговор, и слободно се шетаат и пијат кафе по „Лептокарија“. А, познати се на органите на прогонот како „црвени јајца“. Јавноста денес на дело можеше да ја види селективната ефикасност на МВР.

Во извинувањето од МВР стои дека по анонимна дојава дошле во општина Карпош. Ги прашувам зошто по нашата пријава не го приведат Сетко Рахиќ и другар му Ерко кои не нападнаа вечерта во штабот?

Денес од општина Карпош немало дојава, туку ова е глупаво сценарио.

Анонимна дојава немало, туку дојавата била од СДСМ. Вработен во општина Карпош, член на Социјалдемократскиот сојуз.

Можете ли да замислите кого се јас плаќав овие години, какви кадри има СДСМ во општина Карпош кои не знаат дека документите се сместени во архива, и дека покрај во хартиена истата се води и во електронска форма. Значи, теоретска шанса нема нешто да избришеш, да уништиш или да фалсификуваш. Овие јадници не можат да сфатат дека јас бев градоначалник овие осум ипол години, и сум ја градел таа општина. Ниту знаеа електронска архива, ниту знаеа да чуваат документи. Колку ли само документи на граѓани беа изгубени пред моето доаѓање. Денес мислеа дека е голем ден за нив, ама испадна дека е ден на голема срамота.

Сметав дека треба да извршиме коректно примопредавање на должноста со новоизбраниот градоначалник. Да испиеме кафе, и да се поздравиме како што ни доликува, затоа што општината ја кренав на пиедесталот. Но очигледно кај овие луѓе нема ништо свето, ниту имаат образ.

П.С. Пијалокот немам намера да го земам. Има преку 100 литри разни вина и жесток пијалок. Тие се по убавиот живот и пиењето, оти овие четири месеци од кафана не излегуваат. Ресторан „Фурна“ го позлатија.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This