КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Живот без оган!

  • January 8, 2018

„Поздрав од син ми Петар. Заради тоа што Стевче Јакимовски не ни е годинава градоначалник најубавиот огномет во светот го имаше во Сиднеј, еветнуално Дубаи“ – стои во пораката испратена до мене.

 

Еве како го доживува Бадник 13-годишниот Петар од Влае. Значи, тој со нетрпение го очекувал Бадник и големиот оган кој се палеше на спортските терени во Влае. Таа вечер традиционално, повеќе од 24 години, се собираа повеќе од 1.000 луѓе.

Ѓорѓи Личовски – Сите права се задржани од АП

За Петар и за многумина ова било посебно доживување. Огнометот очигледно бил кулминација на таа вечер. Има ли нешто со што може да се надомести губењето на традицијата, и убавите моменти на маалското собирање. Се сеќавам на еден мој пријател во Влае, постојано за Бадник му доаѓаше братучед му од Брач (Хрватска). Секоја година се гледавме на Бадник. Тој е католик и за него ова беше посебно доживување.

Очигледно луѓето што ни нудеа живот, истиот го замислуваа без оган. Нивната цел е да се обезличи Македонскиот народ и да ја згаснат и искрата оган што тлее во него. Да ја убијат и традицијата, и верата, нацијата, јазикот, културата. Се!
На Грците ќе им го дадеме името и идентитетот; на Бугарите јазикот и црквата; на Брисел економската политика; на НАТО безбедноста на народот.

Мудрото ново раководство во Карпош во предлог буџетот на оваа 2018-та го беше избришал Бадник како настан кој го спонзорира општината, и наместо него ставиле 150.000 денари

за Ифтар (вечера) за време на Рамазанските пости кај муслиманската заедница. На интервенција на советничка од ГРОМ, по жестока расправија, малолетното раководство на

општина Карпош се смилува за Бадник да се издвојат 100.000 денари, но и за Ифтар. Значи, неодбележувањето на Бадник и палењето на оган не е случаен лапсуз. Тоа е смислена

стратегија. На дело е нов атеистички концепт на СДС, наречен „живот без оган“.

Таму во Брисел не им требаат луѓе со идентитет. Им требаат аморфни маси, безрбетници. Во тој свој занес СДС-от ПР ги насука во ќорсокак. Наместо Бадник да се слави како што беше ред, навечер и со оган, тие се правеа паметни и утредента со некои церемонии, со деца во цркви и кај градоначалници. Се прегреаа. Мислат дека се многу паметни. Сега ги подбраа за злоупотреба на децата, и не знаат како да се извадат. Демек, министерството за образование ќе утврдело дали имало злоупотреба на децата и дали имало согласност од родителите. Кого бе лажете вие? Какви согласности, какви бакрачи! Што се правите будали? Ниту дале потписи родителите, а лесно ќе ги соберат бидејќи претежно тоа биле деца на партиски војничиња.

 

Тргнаа против традицијата и тоа онаа најсветата. Христовото Рожденство. Нема да е далеку, нема да е на арно. Господ ќе ги казни.

Претходно «
Следно »