КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Каков премиер, такви советници

  • May 8, 2018

Сите оние кои не можат да положат за државни службеници, а се блиски до СДСМ стануваат советници на премиерот. Ако Зоран Заев сака да го вработи Џезаир Шаќири, можел да го направи државен или јавен службеник но веројатно тој, не можел да положи. Како и многу други назначени советници од неговиот кабинет. Има и друга „фалинка“ неговото евентуално вработување во некоја државна или јавна установа, а тоа е дека неговата плата не би изнесувала повеќ од 20.000 илјади денари. Како советник на премиерот, тој ќе зема речиси двојно повеќе.

Но, на Џезаир Шаќири најмалку му е важна платата од кабинетот на премиерот. За него е битна титулата – советник на премиер. Така полесно ќе му оди шверцот од Косово кон Македонија и обратно. Ќе има полесен пристап кај царината, граничната полиција и другите органи на прогонот. Каков премиер, такви и советници. Очигледно, човекот има на многумина за враќање.

Мора да го врати долгот кон Американците, кон Грците, Бугарите, Албанците, криминалците, шарените, на некои оџи и попови. Тој само малку му должи на чесниот Македонски народ, кој успеа со западна пропаганда и сценарио да го пренесе жеден преку вода. Од целата оваа лакрдија најинтересни се некои членови на СДСМ. Демек и тие за ова реагираат, односно, чашата се прелеала. Па тие молчеа кога Зоран Заев не продаваше на Бугарите, молчеа кога не продаваше на Грците, молчеа кога остваруваше Тирански платформи, воведуваше двојазичност, и сега реагираат, демек се „објективни“, реагираат за еден Џезаир Шаќири.

Најмал проблем во глупостите на Зоран Заев и неспособноста на СДСМ е Џезаир Шаќири и неговите 600 евра. Многу повеќе не чини продавањето на Македонија и уништувањето на Македонскиот народ, и неговото одработување за туѓи интереси.

 

Претходно «
Следно »