March 29, 2024, 11:27 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Кинење зелени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што сакате кажете ама Коце Трајановски за осум години како градоначалник на Скопје и четири на Гази Баба нема откинато зелени како што тоа за кратко време го направи неговиот наследник Шилегов. Со децата за Бадник ја промашија 102.6%. Сега пак не можеме да се изначудиме на глупоста што ја откина градоначалникот Шилегов, за да го намалел загадувањето предлага луѓето што доаѓаат од внатрешноста да ги паркираат автомобилите на влезот од Скопје. Во Автокоманда и во Сарај. Патот од Приштина го заборавил, секако. Па стотици возила доаѓаат од Косово само во нашите здравствени институции, плус оние што се дојдени за бизнис зделки, плус оние што транзитираат. Салата го направија во медиумиве. Добро велат граѓаните од внатрешноста, и кога вие од Скопје ќе доаѓате кај нас на влез од градот ќе ги паркирате возилата.

Како тргнале овие „сезнајковци“, ништо чудно да тргнат и до крај да го спроведат ова. Како ли ќе одам јас за Поддржи Коњ? Пред Паланка ќе треба да го оставам автомобилиот, и 17 километри низ планина, пешки се разбира.

Трескаат глупости затоа што се дават во сопствените фекалии. На власт дојдоа плукајќи ги градоначалниците и бившата власт за загадувањето, сега не знаат што да предложат како мерка па излегуваат со вакви небулози. Сега си патат од сопствената глава. Но нив им беше важно да дојдат на власт, па после ќе си лажат.

Овие се најголемите лажови во Европа.

Нели постојано го критикуваа ВМРО-ДПМНЕ за издавањето на обврзниците па дури и нивниот дополнителен заменик министер им се закануваше на банките да не купуваат обврзници. Сега тие не можат да функционираат без задолжувања. За само два дена се задолжија 570 милиони евра! Еееј, повеќе од половина милијарда за два дена. Или 7% од БДП. Критизерите од СДС на ваквата задолжувачка политика од ВМРО-ДПМНЕ денес се или заменици министри, министри или пак нивни советници. Кој нормален економист ќе одобри издавање на обврзница и плаќање на годишна камата од 15 милиони евра за да ја искористи за покачување на плати. Тотална анти-економска логика.

Всушност, СДС нема економска политика. Тоа одамна сум го кажал. Без ММФ и Светска Банка тие се изгубени. Нивната главна политика е продажба на името, јазикот, идентитетот и уставното уредување на Македонија, и да ги тапкаат по рамо странците. Па додека трае, нека трае. Но ѓаволот ја однел шегата, овие непродуктивни задолжувања скапо ќе ги чинат идните генерации и ако некој ја ценел ВМРОвската како погрешна политика, СДСовската е дигната на Н-та степен.

Вака без идеја, со удирање врз Македонскиот народ, со репресија и заплашување на медиуми стануваат повеќе од режим. Ќе им пукне балонот полн со глупости и незнаење.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This