March 29, 2024, 10:04 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Кого лажете?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес новоизмислената функција – Национален координатор за НАТО – организирал трибина. Национален координатор, кој би можел друг освен Стево Пендаровски. Си се собрале сите истомисленици и подлизурковци, странски платеници и американски слуги. Не викаат некого кој што има спротивно мислење од нивното туку, си се викнале сите што дуваат во иста тиква па кажуваат приказни, глумат мудреци, небаре им тече мозок од главата.

Го слушам Ридван Сулејмани, вели дека ако не сме влезеле во НАТО и ако сме се откажеле од таа приказна земјата ќе била во изолација. Голема мисла од малите умови, кои во континуитет цицаат и живеат од странски пари и ги пеат нивните песни.

Сулејмани вели, ако Македонија не бидела во НАТО, тогаш ќе сме биле во изолација. Бре, бре, бре! Како да не, во изолација!

Ќе ви поставам неколку прашања, а вие одговорете ги и престанете да го лажете народот:

  1. Австрија дали е членка на НАТО? -Не е членка на НАТО. Дали е во изолација? – Не е!
  2. Швајцарија дали е членка на НАТО? – Не е членка. Дали е Швајцарија во изолација? – Не е!
  3. Шведска дали е членка на НАТО? – Не е членка. Дали е во изолација? – Не е во изолација.
  4. Финска дали е членка на НАТО? – Не е. Дали е во изолација? – Нормално дека не.
  5. Шкотска дали е членка на НАТО? – Не е, секако. Дали е во изолација? – Повторно не.
  6. Ирска дали е членка на НАТО? – Не. Дали е во изолација? – Не.

Кого бе вие лажете? Лапате странски пари и лажете повеќе од странците.

Да не биде покусо па и Стево Пендаровски да каже нешто за да биде важен. Си поставува прашање – што ако не влеземе во НАТО? – самиот си дава одговор. Вели: – Нема да прекинеме туку ќе продолжиме да преговараме. Што значи тоа „ќе продолжиме да преговараме“? Тоа значи, ќе продолжиме да молиме, да коленичиме и да се понижуваме. Да рушиме црвени линии, да виткаме кичми. Ќе нудиме промена на име, демек, малку ќе го смениме идентитетот и малку јазикот.
Да продолжиме да преговараме, значи, ќе продолжиме со трговијата.

Нема мажи во оваа држава. Замислете и власт и опозиција да излезе со заеднички став во јуни и да каже, ако во јуни не влеземе во НАТО веќе нема да имаме аспирации за членство и ќе бидеме воено неутрална земја. Да видиме тогаш дали нема да најдат начин уште веднаш да не примат во НАТО. Ќе не примат, и да не сакаме со сила ќе не земат. Ама, ние си имаме влада со губитнички менталитет и затоа ќе не зафркаваат како што сакаат. Нема мал или голем народ во дипломатијата. Има вешт и невешт. Овие што се денес на власт се претставници на невештиот народ.

 

 

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This