КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Од лошо, полошо

  • June 10, 2018

Кутрите седесиња закачени се до дното како со сидро кое постојано ги влече надолу. Стратегија немаат, единствен чамец за спасување им е влезот во НАТО. Тогаш ќе имаат некаква приказна, сега за сега немаат ништо. Како по обичај економијата им е нула. Немаат што да кажат па изговорот им е дека економијата одела во вистинска насока. Во вистинска насока оди економијата на Србија која во првиот квартал порасна за 4.5%; Словенија со 2.5%, Хрватска, Словачка, Унгарија итн. Значи сите земји од ЈИЕ се помеѓу 2.5% и 5% раст на БДП, само Македонија е нуларица.

Она што е најстрашно е што 2017-та година во која тие започнаа да владеат се мери во однос на 2016-та кога сеуште владееше ВМРО-ДПМНЕ, но имавме техничка влада, закажувавме избори прво за април, па за јуни, па на крајот изборите беа закажани за 11-ти декември. Да потсетам, кога ќе се закажат избори, до моментот на завршување државата е во хибернација. Не се носат важни одлуки, не се случуваат крупни продажби, нема јавни набави, не се продава земјиште, помалку се издаваат градежни дозволи. Со еден збор, сите се во исчекување – и државата и стопанствениците.

Значи 2016-та е тотално нерепрезентативна година. Година исполнета со политичка криза, двапати закажувани па откажувани избори и конечно избори, и со таква лоша година кога СДСМ ќе се спореди, резултатот му е нула.

Тоа е најлошото. Сега во 2018-та година споредени со нивната лоша година, исто така нерепрезентативна 2017-та, затоа што до крајот на мај немавме влада, имавме 27-априлски настани, градоначалниците на 1-ви јуни минатата година ги изгубија ингеренциите и тоа траеше 15 дена, па на 6-ти август се распишаа локални избори итн. Но, сега во 2018-та е мирно, нема вакви турбуленции. И повторно, раст на економијата нула. Тоа значи не е ниту до политички и безбедносни превирања, не е до тензии, туку се работи за неспособност. Овие луѓе се неспособни да ја водат економијата.

Затоа, што пократко владеат, помали ќе бидат штетите.

Претходно «
Следно »

loading…