КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Отрезнување

  • June 7, 2018

И во изборната кампања на парламентарните избори во 2016. година во своите говори на митинзите, а и повеќе пати пишував дека, СДСМ нема економска политика. Тие не знаат како да ја водат економијата и секогаш на помош ги повикуваат ММФ и Светска Банка. За жал и на разочарување на сите, токму тоа и ни се случува. Растот на БДП изминатата 2017-та, благодарение на СДСМ и нивното незнаење е 0%. Планиран раст беше 3.5%. На 10 милијарди евра БДП, 3.5% раст е 350 милиони евра. Е, толку минтата година Македонците изгубија од владеењето на СДСМ.

Оваа година растот е планиран на 3.2%. За жал првиот квартал, според официјални податоци на заводот за статистика е о.1%, што значи дека изгубивме нови 106 милиони евра. Ова е сметката што ја плаќаме за владеењето на СДСМ. 350 милиони плус 106 милиони евра изгубен раст на БДП, и ако на ова се додаде милијарда и половина ново задолжување, екскурзијата на „шарените“ на чело со СДСМ сите нас досега не чини околу 2 милијарди евра. И после ќе се чудиме зошто младите сакаат да си одат, зошто се иселуваат, зошто нема доволно пари во оптек, зошто се жалат трговците, кафанџиите, зошто кукаат градежниците.

Градежништвото има пад од 37.5%. Цацко ли ги тераше да ја запираат изградбата на автопатиштата, да поништуваат урбанистички планови, да ставаат мораториум на издавање на градежни дозволи. Сега ѓаволот си дојде по своето.

Го гледам оној поптретседателот Анѓушев како се вади како „минус пред заграда“. Демек, падот на градежништвото е резултат на лоши проекти, ама сега ги поправиле проектите и ќе тргнело градежништвото. Колку ли само лаги за една година кажа овој човек. Дури и устата му се доискриви. Веќе му  стана како логото на „Најки“.

Вчера одржаа прес конференција заедно со министерот за финансии кој повторува како папагал дека претходна влада садела врби, правела фасади и имала непродуктивни проекти. А тие, ќе имале само продуктивни. Ова професорче се фали со анализи на Светска Банка кои кажуваат дека изминативе 11 години ако не биле државните инвестиции реалниот раст на БДП ќе бил 0.5%. Со ова тој сака да ги намали успесите на претходната влада. Уште мисли дека е опозиција, не кажува што тој ќе направи и кои му се неговите резултати, туку резултатите на претходната влада сака да ги претстави како помали. Јас имам едно прашање до него – Професоре! Ако Груевски имал реален раст 0.5%, а останатото се должи на владините инвестиции колку ќе биде вашиот реален раст ако ги одбиеме владините инвестиции?

Задачата е лесна, равенка со една непозната. Бидејќи е професор на економскиот факултет во Скопје, еве јавно го повикувам да ја изработи оваа математичка операција и да каже во една година од нивното владеење, ако ги тргнеме капиталните државни инвестиции, колку ќе биде негативен растот на БДП. Дали ќе биде едноцифрен? Или двоцифрен?

Секој број помножен со нула е еднаков на нула. Нула знаење по економија, дава нула раст на БДП. Нема што да се чудите Македонци. Тоа ви е. Не ви чинеше човекот кој зборуваше само за економија, отвараше фабрики, ставаше камен-темелници, а поарен ви е овој кој везден лаже и само мисли како да се оддолжи на оние кои го поставија да владее со државичкава ни.

Претходно «
Следно »

loading…