Monday, 18/12/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Охохоо, конфликт…

53%
User Rating

Го слушам потпретседателот на владата Кочо Анѓушев, како дава неубедливи објаснувања па дури и се подразвикува. Веројатно прашањата на новинарите многу го нервираат за бизнисот што неговата фирма го добила од ЕЛЕМ. Потпретседателот на владата треба да знае дека не е доволно само да се повлече од управувачката позиција во неговата компанија, како што вели тој. Да го стори тоа нема избор (дали сака или несака), тоа е согласно закон и тоа бил приморан да го стори, ама тоа важи за фирми кои не соработуваат со владата. Неговата компанија, напротив, ќе оствари профит од зделката со владиниот ЕЛЕМ. Тој профит нема да го земат директорот на фирмата и вработените, туку по плаќање на давачките кон државата тие пари одат директно во џебот на сопственикот на компанијата. Бидејќи сопственик на компанијата е потпретседателот на владата Анѓушев, конфликтот на интереси е евидентен. Дури и помал конфликт на интереси би имал како диркетор, отколку како сопственик. Зделката со јавното владино претпријатије АД ЕЛЕМ во сопственост на владата на Р.Македонија, на потпретседателот на владата му носи директна корист.

Тој повеќе не може да остане на оваа функција и од други причини:
1. До потпретседателот на владата задолжен за економски прашања, стасуваат и разузнавачи информации. Тие може да бидат од доверлив, строго доверлив карактер, па дури и информациите да бидат класифицирани како државна тајна, а да се однесуваат на енергетскиот сектор. Тие информации, потпретседателот на владата ќе ги искористи како битни при носењето на деловните одлуки во неговата компанија.

2. Денес немаме инфлаторни движења. Но во случај на инфлаторни или дефлаторни промени, кои предизвикуваат промени на девизниот курс, потпретседателот на владата овие информации ги има неколку дена порано и тие директно може да ги искористи при носење на деловни одлуки во компанијата чиј сопственик е. Информациите може да се битни за тоа дали авансирано да плати набавка на енергија или некој резервен дел, или пак ако однапред ја знае промената на курсот доколку имаме апрецијација на денарот да причека со одредени плаќања.

loading...

Тоа значи дека конфликт на интереси има, и тоа еклатантни и големи, и самиот факт што неговата фирма за само три месеци негово министерување не можела да се воздржи од соработка со владата, покажува дека овој потпретседател повеќе не може да седи во министерска фотелја. И, затоа барањето за негова смена е сосема оправдано.

loading...

1 Comment

  1. Ag`r

    Pa ajde trazi.. ili sekoj eden gragjanin moze da go ospore toa samo ne tie so imunitet!

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031