Sunday, 27/5/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Преваранти

83%
User Rating

Кај нас во село пред 100-тина години некој сиромав човек имал малку земја не можел да има ѕевгар (пар волови). Имал само еден вол. За да може да ги ора нивите му требало уште еден. Замолил еден свој сосед да му позајми еден од своите волови. Вообичаено воловите се во пар и тие одат во десна и во лева рака. Така тоа се вика. Тоа значи левиот вол секогаш се впрегнува од левата страна, а десниот од десната и не може да се менуваат. Ако случајно по грешка се променат, тоа е исто како вам да ви дадат да пишувате со лева рака – односно со раката која што не ја користите. Тогаш на воловите им излегуваат очите нанадвор, не знаат кај тераат, фрчат на сите страни, во состојба се да го искршат јаремот. Се викаат препрегнати волови.

Е, овој селанец што го зел комшискиот вол за да може да ора бил добро нахранет, а неговиот, бидејќи бил сиромав, бил многу слаб. Од тешкото орање неговиот се изморил и легнал. Тој почнал да го клоца, да го удира со стап, па дури почнал да го гаѓа и со камења. Го видел некој друг комшија и му викнал: „Од далеку, од далеку!“. Овој отишол малку подалеку и фрлал со камењата. Комшијата повторно му дофрлал: „уште подалеку“. Овој се оддалечил уште повеќе и гаѓал во кутрото животно и продолжил да го гаѓа. Комшијата му пришол и му рекол: „Од далеку да го раниш, не од далеку да го тепаш“.

Овој пример го давам за да направам паралела со нашата 3-6-9 реформска Влада. Таа од далеку си ги рани воловите. Тоа во превод значи, од далеку си ги подготвува далаверите, за да нивите добро им родат. Од далеку си ги прави законските измени, за да што повеќе остане пари за „шарениот“ им ангажман. Затоа го укинаа советот за јавни набавки. За да можат да ја прават далаверата како што ја направија во РЕК Битола. Ако постоеше Совет за јавни набавки, немаше теоретска шанса да направат вакви измени во тендерските услови со цел да се исфаворизира една фирма, а тоа е, фирмата на човек близок до СДСМ „Пелистер“ – Битола. Таму јасно ставиле ограничување, колку најмалку треба да има ископано руда, фирмата која што ќе конкурира, само што уште во тендерот не го ставиле и логото на фирмата. Целта на Советот за јавни набавки беше да се тргнат сите ограничувања, да се оневозможат монополите, и да учествуваат и помали економски оператори со цел да се зголеми конкуренцијата. Конкуренцијата е фактор број еден, а ниски цени и квалитетно извршување. Со ова, дефинитивно се елиминира конкуренцијата и токму тоа се потврдува, затоа што на тендерот се јавил само еден економски оператор кој ги исполнувал овие тендерски услови. Злобниците велат дека економскиот оператор кој ја земал работата, дебело учествувал и во изборната поддршка на СДСМ.

loading...

Тоа се борците против корупција. Ова е новата реформска влада, ова е подобриот живот.

Минатата влада, „хохштаплерската“ на ВМРО-ДПМНЕ направи најмалку десетина измени во законот за јавни набавки со цел да се оневозможат било какви манипулации. Погледнете каков закон за јавни набавки имавме во 2006. и каков имавме во 2017. година. На пример, се укинаа анексите на договорите; за секоја јавна набавка мораше да се има проект; за анексите на договори мора да се распише нов тендер; не се признаваат непредвидени работи; малите набавки веќе не се правеа во четири очи и за нив се воведе прибирање на понуди, а потоа и тие одеа на тендер; се воведе електронско наддавање со цел да се оневозможи било какво местење на тендери.

Ќе ви дадам пример – до 2012. година имав многу „чесни“ луѓе од СДСМ, едната ми беше шеф на кабинет, другиот раководител на сектор, а третиот општински ревизор. Сите поставени од СДСМ. – Знаете што правеа? Кога фирмите ќе ги донесеа понудите во коверти и ќе ги оставеа во архива, тие како комисија навечер ги земаа истите дома, ставаа вода во тенџере и на пареа ги отвараа ковертите за да видат кој, колкава понуда дал. Ми се случуваше за проект кој што вреди десетина милиони денари, една фирма секогаш да дава понуди пониски за три, четири или пет илјади денари во однос на другите. Ја откривме „цаката“ и ја сменив комисијата. Нормално, тие беа револтирани. На такви далавери веќе не беа во можност. Правеа трикови во тендерските услови со гарантните рокови. Фирмите добиваа поени и за гарантни рокови. Тие што ќе дадеа најголем гарантен рок добиваа максимален број на поени, а тие што ќе дадеа реален рок, добиваа многу помалку. Но затоа, првите добиваа повисока цена и си ја земаа работата. Со електронското наддавање и елиминирање на овие глупави критериуми, тендерската постапка се поедностави, можностите за манипулации се минимизираа, а цените паднаа драстично. Советот за јавни набавки играше клучна улога во насока на зголемување на конкурентноста и што е можно повеќе фирми (економски оператори) да се јавуваат на тендерите.

Еве зошто го укинаа Советот за јавни набавки. За да можат да поставуваат критериуми кои што ќе ги исполнуваат на нив блиски фирми. Впрочем тоа го правеа и во минатото. Затоа во наредниот период, ќе објавиме токму вакви местени тендери кои биле редовна практика на функционери од СДСМ и ќе бидете изненадени на која позиција денес тие се наоѓаат во државата.

За една професија, народот вели: -Не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам. Тоа важи за СДСМ. Не ги гледајте што прават, само слушајте ги што зборуваат. Тие се борци против корупција, за правна држава, за независно судство. Така тие зборуваат. Во пракса, работат онака како што сработеа во РЕК Битола.

СДСМ си е СДСМ. Волкот влакното го менува, но навиките не. Се прашувам само каде ли се оние силни, тобоже, невладини организации кои се правеа дека многу ги разбираат тендерските постапки и наводно во нив имало многу криминал. Молчат како скаменети. Си го одмолчеа укинувањето на Советот за јавни набавки, го одмолчуваат укинувањето електронското наддавање, го одмолчуваат враќањето на старо. Со ова јасно покажуваат дека биле само дел од пропагандата за рушење на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И, ништо повеќе од тоа!

Каде се сега да кажат нешто Герман Филков и Сабина Факиќ, големите истражувачи на јавни набавки. Очигледно, сите дувале во иста тиква и сите биле вклучени во преварантската пропаганда на СДСМ и нивниот чадор. Но треба да им е јасно дека сите не сме мутави, и дека има луѓе што ја познаваат работата. Си кажуваат приказни на нивните лажовизии. Пак ќе кажам, инцест ќе ги фати. Си се викаат само меѓу себе и наводно си дебатираат. Но, дебатира и народот. Него не можете устата да му ја затворите. Дебатираме и ние од опозицијата, немој да мислат дека ќе им молчиме на нив и на нивните помагачи во олеснување на законските измени за легално извршување на криминални активности.

loading...

6 Comments

  1. Trpe

    So laga i so kradenje ne se odi daleku bidejki treba da zakrpat mnogu dupki za da gi zadovolat onie koj im dozvolile da ja kradat drzavata pa na krajot samite medju sebe ke se ispotepaat za toa koj povekje zel a koj pomalku toa e “bozjata kazna”!

    • Бозон

      Ќе се памети како војна на хациендашите.
      Ги слудеа младиве. Холивуд. Цел живот келнерки и шанкуши чекајќи ја големата шанса за хациенда. Младиииии јалнаш сте. Сите тие имаат скриено бар по еден вујко владика. Видете го микрогрче. Пак да верувате/пасете.

  2. maca

    da ne otvoram jas usta Stevce, vrabitenite koi ne bea tvoi milenici dobro znaat kako raboteshe i shto praveshe, od rakav plati davashe na dogovorcite so isto obrazovanie, kariera i nagradi na kogo sakash. No ima sudovi

    • DLM

      Мацо, мацуле па што чекаш ај отвори таа устата да слушнеме некоја ексклузива. Мацо у кој штаб си анфажирана?
      Туку Мацо дај уште некоја ексклузива, колку евриќи ти ветија од промена на името (3-6-9), и шо ти рекоа че те земат ли Зораните со нив у тоа Швицерланд, доста се живуркаше у оваа припиздина!?
      Зошто Мацо, им така праиш на лујџето, тие навикнати на “бомби“ заевки, еве веќе се 1-2 години на строг пост!
      А така вељиш, давал, а Стевче Стевче те фативме!

      • mace

        прво не сум партиски војник, и затоа не сум пристрасна туку сакам реална слика. Со ова не го бранам сегашниот градоначалник, но не сакам да се сложам ни со Стевче зошто не е така како што вели. Цврсто стојам зад оваа информација, а ти ако имаш некој не пристрасен партиско во општината слободно прашај дали е ова вистина. А јас ќе одлучам кога ќе кажам повеќе

  3. Dejan Cair Makedonski

    KE GO BARATE VIE STEVCO
    TOJ I GRASESE I KRADESE

    OVIE FACISTICKITE PATRONI SAMO KRADAT I TO

    STEVCO JAKIMOVSKI MAKEDONSKI

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

May 2018
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

iNFOMAX.mk на ФБ