Monday, 18/12/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Стрелачки вод!

21%
User Rating

Знаете ли што е најлошото во аферата Анѓушев? Најлошото е тоа што тој абер нема дека тоа што го прави е недозволиво. Се откажал од управувањето во фирмата, но сопственик е тој, брат му и уште два содружници. За управување во фирма се добива плата и во зависност од резултатите од работењето, се добива и бонус. За сопственост во фирма се добива дивиденда. Потпретседателот на Владата Анѓушев јавно кажа дека плата не зема од владата но сепак, човекот мора од нешто да живее. Тој значи живее од дивиденда. А, неговата фирма од зделката вредна 6 милиони евра со ЕЛЕМ ќе оствари профит и аналогно на тоа, поделба на дивиденда на четирите содружници.

Ова уште повеќе го усложнува неговиот обид да се повикува на законските норми, кои се однесуваат само на управувањето, но не и на сопственоста. Законодавецот ова не го предвидел затоа што веројатно претпоставувал дека некој како основач на фирма, нема да се дрзне да седи во министерска фотелја и да прави бизнис зделки со акционерските друштва во владина сопственост, со фондовите, јавните институции, министерствата, и се она што е во состав на владата согласно Законот за организација на Влада.

Очигледно потпретседателот на Владата Анѓушев сака ем да везе, ем да преде, ем бостан да чува. Е така, потпретседателе, не може!

loading...

Замислете секој министер да си формира фирма со дејноста која што тој ја обавува. На пример, министерот за култура да си има продукциска куќа на која што неговото министерство ќе му финансира филм од 2-3 милиони евра. Или пак на пример, министерот за екологија да има сопствена консултантска куќа која ќе прави еколошка стратегија за Р.Македонија согласно просторниот план на државата. Или пак, директорот на АД во државна сопственост ПУИК да си формира градежна фирма или пак фирма за одржување на објектите кои што се во негова сопственост, и тоа да го прави неговата фирма. Директорот на фонд за здравство да си има сопствена веледрогерија и од нејзе да купува лекови за Министерството за здравство. Што би рекла јавноста, кога 83 градоначалници би си формирале градежни фирми и секој да си конкурира во општината и да си добива тендери. И тоа, согласно законот.

Секој од наведените раководители на овие институции би рекол, ако може потпретседателот на владата, можам и јас.

Аргументите што ги дава Анѓушев, воопшто не држат и не е добро повеќе да се резили и тој и новата Влада. Замислете, за оваа влада речиси и да нема аналитичар, или објективен критичар кој ќе даде преодна оценка за работата во првите 100 дена. Наместо да се борат за решавање на проблемите на граѓаните, тие прво поитаа да не им пропаднат, или да не трпат нивните сопствени бизниси.

Така Вицето си купи 22% од акциите на „Герас Цунев“, или како тоа стручно се нарекува – се докапитализира. Се слуша и дека е купена Стоковната куќа во Струмица од истиот клан.

Точно е дека имаше луѓе кои патолошки имаат омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Но, има и луѓе кои си ја сакаат државата и сакаат да владее ред и поредок и излегоа да гласаат со цел да казнат некои недоследности во владеењето на претходната гарнитура. Што мислите, како се чувствуваат сега овие граѓани кои немаат розови партиски очила, туку објективно гледаат на сите позитивни и негативни појави во државата? Очекуваме дека тоа ќе го поздрават?

Не може устата да ти биде полна за борба со криминалот и корупцијата, транспарентност и чесност, а да не можеш да се воздржиш од алчноста ниту во првите 100 дена од владеењето на твојата Влада.

Нема што да не чуди, сѐ што ни требаше видовме на видео снимка и тоа уште далеку пред изборите на 11-ти декември. Инфлагранте, и покрај таков резил добро е да се имаше усул. Но се има чувство дека постојат луѓе во новата власт на кои што доколку им кажете дека надвор се спрема стрелачки вод да ги стрела, доколку го направат тоа што намислиле. Нема да можат да издржат! Ќе ја задоволат својата алчност, па макар и три минути после тоа биле стрелани.

Кога на сето ова ќе го надоврземе непотизмот, вработувањата на браќата, сестрите, снаите, како и нивно ставање во управни одбори (дури на некои им било малку во еден, па се членови во два управни одбори). И, ако денот се познава по утрото, лоши денови ги чекаат граѓаните на Р.Македонија.

Ветуваа дебата, ветуваа транспарентност. За овие 100 дена што се направи транспарентно, и за што дебатиравме, ги спротивставуваме аргументите, па дури и се тепавме? За ништо! Имаше ли дебата за договорот со Бугарија? Во која европска директива е цитирано законот за јазиците да оди со „европско знаменце“? Зошто ја кратиме дебатата? Зошто го замолчевме МАНУ и борците?

Се прашува јавноста, каде се сега оние невладини организации кои ги водат многу познати личности, и кои што земале дури 40.000 евра за една година, за да анализираат и жигосуваат аномалии токму во тендерските постапки? Многу ме интересира дали истите ќе се јават по основ на оваа тендерска постапка, склучена помеѓу „Фероинвест“ на потпретседателот на Владата Анѓушев и АД ЕЛЕМ. Ако не се јават, ние сме должни да ги прозиваме. Па нареден пат кога од тие што ги финансираат ќе им побараат нови 40.000 евра, барем да им биде незгодно или можеби ќе се најде некој од мајка роден, да ги потсети токму на оваа тендерска постапка на новата ни Влада, која што ни ветуваше живот.

Ама нормално, прво тие треба да преживеат потоа сите останати.

Тие истите ветуваа дека ќе ја вратат средната класа. Очигледно имаат промена во планот. Прво високата класа ќе ја направат уште повисока, па потоа ќе ни ја вратат средната класа.

loading...

6 Comments

  1. Trpe

    Vladata vetuvase zivot samo ne kazuvase za kogo a tie sto glasaa mislea deka se glasaa za nivniot zivot no izleze dka se glasalo za zivot na eden mal krug na politicari koi pred toa bea plakjani od nasite “zapadni prijateli” koi preku nevladini i slicni organizacii gi plakjaja debelo za da sirat [rp[aganda i lagi koi sega ke se pokazat kako lazni no tir dojdoa na vlast i sega i instituciite sto treba da ja stitat drzavat gi stavija pod svoe i tie namesto da ja statat drzavatagi stitat niv imame izjavi id “antikorupciska” deka nemalo sudir na interesi bez nekoe objasnuvanje bidejki ako ne kazat taka ke letaat od rabota toa e novata “demokratija”sto ni ja donese “basiot strategiski partner” vo cie ime go unisti Bliskiot istok i polovina Afrika a i Balkanot kade duri i nparavi drzava na kriminalci i islamisti koi rabotaat za niv!

  2. Petar Avstralija

    Така е Г.Трпе ако им даваа живот ќе им дадеа уште кога па тие владеа цели 16 години зашто тогаш не им дадоа живот ама така им треба кога гласаа за комуњарите е сега им се спрема смрт тоа го заслужуваат Македонците ама не верувам дека се Македонци нека им е вечна памја.

  3. Аминта

    Станува јасно дека Анѓушев е поставен од Бејли за министер, со задача да одработи за Запад, односно да го попречи енергетското осамостојување на Македонија. Значи, да ги исклучи кинезите од било каков енергетски проект ( Вардарска долина, Чебрен и Галиште и сл), да ги запре хидроелектраните Луково поле и Бошков мост, како и помислата за термоелектрана во Пехчево, веќе ја сопре изградбата на гасоводот до ТЕЦ Дуброво, ја запре стимулацијата за малите хидроелектрани (но за неговите остануваат) итн, итн. За возврат, Запад му дозволи тој да ја диктира во иднина цената на струјата наместо Регулаторната комисија, како и да си го мултиплицира богатството со вакви тендери…

  4. Avram

    Se slozuvam so Tebe.No voedno Te prasuvam,vo sto se razlikuvas od nego.Site ste lopoviKako Ti na tvoi godini uspea so cinovnicka plata se da napravis,a jas za 40 godini da ziveam od penzija,za koja se tresam,deka Bog e milostiv sto barem mozam mesecot da go pominam.Donald Tramp e Pretsdatel na SAD. I toj se otkaza od platata. No i toj e milijarder.Kazimi po sto Ti se razlikuvas od Andjusev ? .

  5. ja ne znam bev vo podrum AMA ISKOCIV OD PODRUM

    ZA ZIVOT NA ZAJKO RADA TRISKO FRSKO GERO ANUSEV I USTE PREKU SILA 1000 NIVNI POSLUSNICI PREDAVNICI SO EDEN ZBOR GOVEDA
    NIVNATA CEL E JASNA KRADI LAPAJ PREDVAJ I PRDAJ JA DAZAVATA BEGAJ DA NE TE FATAT VO STRASTVO SO KUVERITE PUNI PARI
    KAKO DOZIVOTNIOT UDBAS I KRIMINALEC I PREDAVNIK NA CENTO
    LAZAR KOLISEVSKI KOJ ZIVEE USA
    TIE PREDAVNICI SE SO TAKVA MISLA DA NE VRADAT
    SAMO ME INTERESIRA DALI IM DONESE NA TIE 350 000 ETNICKI MAKEDONCI STO GLASAA ZA ZIVOT TUKA NE GOVARAM ZA TIE 70 000 SIPTARI I UCKI KOJ ZNAEA ZA KOGO DA GLASAAT PO NAREDBA NA BEJLI

    ZA ZIVOT za tie 350 000 gomnari sto glasaa za SDS PREDAVNISKA I LOPOVSKA

    ZA PENZIITE STO VI GI SKINAA
    PO 200 DENARI
    ZA RADIODIFUZNA TAKSA
    DDV KE VI VRAKALE
    500 EVRA PLATA

    AMA GO DOBIVTE KUROT I TAKA I VI TREBA NA TIE 350 000 MAKEDONSKI GOVEDA STO GLASAA ZA ZIVOT NA ZAJKO RADA ANUSEV I TAKVI GOMNARI I PREDAVNICI

  6. maliciozno ama vistinito

    Tie sto glasaa polni sebe i mislea ke ziveat mnogu podobro neka im e, no za zal i site ostanati ke si patat !

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031