КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Шупливи глави

  • May 9, 2018

Зошто ли, зошто, во 1992. година гласавме на референдумот за слободна, независна и самостојна Р.Македонија? Да бидеш слободен, независен и самостоен значи да бидеш достоинствен. Да живееш достоинствено. Дали ние Македонците денес во Р.Македонија под власта на СДСМ и Зоран Заев живееме подостинствено, или до 1992. година кога наводно сме биле под туторството на Белград? Кога бевме подостоинствени, тогаш или сега?

Зоран Заев го уништи целото Македонско достоинство. Не распродаде како бели црви на „бувљи“ пазар. Капак на се е денешната изјава која ја повторува повеќе пати дека за успешната анти-терористичка акција во Диво Насеље ќе побарал меѓународна истрага. Тогаш, во 2015. година Македонската полиција и македонските институции покажаа дека имаме држава и дека сме подготвени да се справиме со сите безбедносни ризици. Многу посилни, финансиски помоќни и поопремени служби не ќе можеа да се справат со 40-члената добро обучена, добро вооружена и добро утврдена терористичка група во кумановско Диво Насеље. Нашите полицајци добија честитки дури и од Израелските колеги кои беа зачудени како е можно за така кратко време да се справиме со така добро организирана, искусна терористичка група, без употреба на тешко вооружување и без огнена поддршка од воздух. Значи, групата беше неутрализирана само со лесно пешадиско вооружување.

Дадовме осум жртви. Но, покажавме дека кога е во прашање безбедноста на нашите деца, спремни сме да загинеме!

По сето ова, ни доаѓа на власт една кукавица, која по распродажбата на Бугарите, пазарлукот со Грците, националната распродажба на домашен пазар и денес продолжува да не понижува.

Знае ли овој човек малку историја? Знае ли дека поради барање на странска држава да врши истрага во соседна земја, се влезе во војна. И тоа, Светска војна. Знае ли овој човек дека по атентатот од страна на Гаврило Принцип во Сараево на 28. јуни 1914 година врз Австрискиот претстолонаследник Франц Фердинанд и неговата бремена сопруга, Австро-Угнарците и доставија ултиматум на Србија во 10 точки. Колку што знам, Србија ги прифати останатите девет, но шестата точка не ја прифати и по цена на нова војна. Да потсетам, Србија тогаш беше крајно исцрпена од двете Балкански војни: економски, воено, со намален број на офицери и војници и многу сираци.

Шестата точка од Австро-Унгарскиот ултиматум гласи, (автентично ќе го пренесам на српски јазик): „Да поднесу судски поступак против прибоја на парцелу од 28. јуна који су на територији Србије; делегати Аустро-Унгарске владе учествоваче на истрази у вези стим;“ – Ова е шестиот ултиматум. Кралска Србија е сигурна дека по одбивање на ултиматумот ќе влезе во нова војна со моќната Австро-Унгарија, особено ако се има во предвид дека таа ќе добие силна поддршка од Германија.

Еве што српската влада на чело со Никола Пашиќ им одговара на точката шест: „…што се тиче учесча у овој истрази (која Србија намерава држати) Аустро-Унгарски агената..(Србија) неможе прихватити такав аранжман јер би то било кршење Устава…“ – Ова беше причина за почетокот на Првата Светска војна. Значи, достоинстото, кршењето на Уставот и немешањето во внатрешните работи на една земја се свети правила.

Нам не ни се заканува војна, никој не ни се заканува дека ќе не бомбардира, а сами си го продаваме задникот да ни го решетаат, благодарение на квинслишката влада во Р.Македонија. Значи, за достоинство се гине!

Тогаш, Војвода Путник кој бил началник на Генералштабот на Српската војска бил на одмор во Карлови Вари, денешна Чешка. По ултиматумот на Австро-Унгарија знаел што ќе се случи. Веднаш тргнал назад за Србија, но по заобиколен пат преку Романија и издал наредба трите српски армии да се постават така што ќе ги навлечат Австријците главниот удар да им биде преку Сава и Дрина, кон Шабац, Ваљево, Чачак. Првата битка, мислам на Цер, Војвода Степан Степановиќ до колена ја поразил 130.000 Австро-Унгарска војска. Втората битка на Колубара, овој пат засилена и бројно зголемена Австро-Унгарска војска имала страотни почетни резултати и Српската војска трпела големи порази. Тешко е ранет и командантот на втората армија. Кралот Александар го враќа по трет пат демобилизираниот Војвода Мишиќ на чело на Втората српска армија да ја води во одлучната битка на Колубара. Австро-Унгарците веќе влегувале во Белград. Стариот и добар стратег Мишиќ тргнал во бескомпромисен, најпрвин артилериски, а потоа и пешадиски контранапад и потоа ги потиснал Австро-Унгарците од Чачак, Ваљево преку Шабац, Сава и тие зад себе морале да го срушат мостот на оваа река. Потоа во оваа војна се вклучиле и Германците и Бугарите. Бугарите имале задача да удрат странично, Австро-Унгарците и Германците тргнале со војска од 650.000 припадници. Србите се одлучиле на повлекување. Страдањата преку Албанија биле страотни. Од дезинтерија, тифус и колера во зимски услови по Албанските сурови планини изумреле 130.000 луѓе. А, на островот Крф од истите болести изумреле 65.000. И после сето ова, повторно победиле и повторно го кренале достоинството на својот народ, но образот и Уставот не го дале. Истрага за грозоморниот атентат во Сараево од туѓи истражители не дозволиле.

За жал, ние Македонците држава добивме, ама достоинството си го загубивме. Ни го згазија како отпушок од цигара. Жарче да нема. И тоа, во мирнодопски услови. Потпишуваме капитулација и тоа безусловна, не на боено поле, туку на зелена маса благодарение на шупливи глави.

Претходно «
Следно »