- Advertisement -
ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември ќе го свика партискиот Конгрес. Информацијата за Сител и официјално ја потврдиле и од партијата. На Конгресот, ќе се разгледува оставката на Партискиот претседател Никола Груевски.
Груевски пред неколку дена најави дека си заминува од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата смена и евентуалниот избор на нов лидер треба да ги потврди највисоко партиско тело Конгресот.
Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ 15 години.