КОСОВО СПРЕМА „ПЛАН Б“: Ако не успее да се профилира како суверена држава, Косово ќе одржи референдум за припојување кон Албанија!

  • November 26, 2017

Доколку Приштина до февруари идната година, кога се навршуваат десет години откако еднострано прогласи независност, не напредува во меѓународен поглед, Косово ќе одржи рефереднум за припојување кон „матицата“

Плоштадот во Приштина веќе е украсен со националните црвено-црни знамиња на Албанија во очи одбележувањето на 105. годишницата на Албанија на 28 ноември. Рамуш Харадинај албанскиот државен празник Денот на знамето го прогласи за национален празник на т.н. држава Косово, паралелно со најавите на Хашим Тачи претседателот на Косово, дека Косово е добро да има отворени граници со Албанија, по примерот на Европската унија Оваа синхронизирана акција, според соговорникот на Спутик од Приштина, е се, само не наивна, како што изгледа на прв поглед.

Тој потсетува дека Косово, и по десет години од прогласувањето на независност, далеку е од суверена, меѓународно призната држава, како и дека почетната еуфорија која владееше и на Косово и меѓу оние кои го поддржуваат Косово сега е на најниско ниво.

„Косовските лидери мораат нешто да им понудат на своите граѓани, па очигледно преминаа на таканречениот план Б – ако нас не не сакаат во ЕУ, одиме во Албанија. Со други зборови, ако ништо не се промени, ќе се активира старата закана и ќе се одржи референдум за припојување кон Албанија“.

Харадинај, додава соговорникот, сосема сигурно не го воведе државниот празник на соседната држава како државен празник на т.н држава поради зачувување на „културни текови“.

„Тоа би било како да, речеме, Германија го слави денот на независноста на Холандија, или обратно (под услов Косово да е држава). Бидејќи Денот на знамето (28. ноември) е ден кога Албанците го усвоија документот во 1912. на собирот во Валон на кој е основана независна Албанија. По тој документ, кој го усвои големиот народен собир, кој го чинеа претставници на четири области во кои живее Албанци; косовската, скадарската, јањинската и битолскиот вилает, а кој денес се сметаат за татковци на модерна Албанија“, потсетува тој.

Претходно «
Следно »

loading…