КОСОВО ЌЕ НАБАВУВА ХЕЛИКОПТЕРИ: Генераторот на кризи на Балканот, ќе добие нова можност за подигање на безбедносните ризици на Балканот!

  • April 18, 2017

Косовскиот премиер Иса Мустафа денес именуваше меѓуминистерска комисија која, како што се наведува, би требало да створи услови за набавка на хеликоптери
helikopter_cobra

Мустафа нагласил дека опремувањето на косовските институции со хеликоптери и зголемувањето на воздушниот капацитет, кој досега не постоеше, сега е неопходно за да се соочат со вонредни или други ситуации, се наведува во соопштението на владата од Приштина.

На состанокот на кој присуствувале првиот заменик пермиер Хајредин Кучи, министрите Хаки Демолли, Имет Рахмани, Скендер Хисеини, командантот на БСК генерал-потполковник Рахман Рама и директорот на полицијата Шпенд Меџуни, меѓуминистерскиот тим на Мустафа му претставил адекватни проценки по ова прашање.

По опсежните разговори, одлучено е да се решат процедурални прашања и да се воспостават контакти со компаниите за купување на хеликоптери, стои во соопштението.

Извор: Танјуг

Претходно «
Следно »