КОШМАРОТ ПРОДОЛЖУВА: Арбен Таравари се обидувал да сокрие уште една трагедија која се случила во битолската болница!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошмарот во кој западна македонското здравство по промената на власта во Македонија завзема загрижувачки пропорции, а ситуацијата дотолку е посериозна ако се има во предвид дека наместо одговорност од министерот за здравство, властите се обидуваат да ја сокријат вистината за тоа што се случува во здравствените установи во земјата

 

За само една недела во Македонија, благодарение на негрижата на министерот за здравство Таравари, згаснаа шест млади животи, а некои не успеаа ниту да ја видат светлината на денот, благодарение на неодговорноста на директорката на ГАК во Скопје, инаку куќна пријателка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева.

Она што ја прави ситуацијата неподнослива, е тоа што наместо одговорност и решение за проблемите, Таравари и останатите одговорни лица се обидуваат да ги сокријат кобните случаи, притоа избегнувајќи секаква одговорност.

Владините медиуми, кои до пред половина година врескаа и бараа одговорност од претходниот министер, молчат, правејќи ги директни соучесници во злосторствата на Таравари.

По кошмарот на скопска гинекологија каде што се криеше смртта на четири новороденчиња, владата на СДС и Таравари се обидоа да сокријат ваква кобна случка и во Охрид и Струга, а според последните информации, веќе една недела криеле за тоа што се случувало и во Битолската болница.

Имено, како што дознаваме, на 20-ти август годинава, во Битолската клиничка болница починало новороденче, а причините за трагедијата не се познати. Од болницата не успеавме да добиеме потврда за трагичната случка, со образложение дека одговорниот за одговори не е на работа.

Никој не се јавува ниту на телефонските броеви во Министерството за здравство, ниту пак кај #АлоТаравари.

Црниот биланс на Таравари, за жал продолжува да се зголемува, а од владата сеуште никој не бара одговорност од министерот за здравство. Сеуште нема реакција ниту од „невладините“ организации.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This