КОЈ ЗАСТАНА НА СТРАНАТА НА TEPOPИCTИTE, А КОЈ НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА: Колку Руски доброволци имаше во „Лавовите“ во 2001!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аферата „Големото уво“ која беше причина за воениот кoнфликт во 2001 сцениран од истите луѓе кои денес ги гледаме во друштво на лидерот на СДСМ, заштитени од таканаречениот „чадор“, резутираше со потпишување на рамковен договор, од кој произлезе територијалната поделба и воведување на втор службен јазик

Руски доброволци во редовите на Лавовите
Руски доброволци во редовите на Лавовите

Очигледно, работата која ја започна „чадорот“ тогаш остана недовршена па со истото сценаријо повторно се обидуваат преку нивната марионета Заев да ја довршат, па дури и по цена на започнување на нов конфликт.

Во 2001 година беше формирана и специјалната единица за брзи интервенции „Лавови“ која меѓу другото во голем дел беше заслужна за зачувувањето на територијалниот интегритет на државата, и заштита на мирното население во конфликтните зони.

Нивната ефикасност предизвика гнев во редовите на УДБАшките структури во СДСМ, па по доаѓањето на Хари Костов за министер за внатрешни работи истите беа насилно расформирани, и јавно омаловажувани.

Дел од доброволците во оваа специјална единица беа и доброволци од Русија, меѓу кои борци и инструктори. Бројките на доброволците се движат од 30-50, но некои зборуваат и за повеќе. Освен помошта во доброволици, Русија тогаш донираше и воена опрема во вид на лесно вооружување, опрема но и артилерија.

Руски инструктори во редовите на Лавовите
Руски инструктори во редовите на Лавовите

„Во 2001, за време на конфликтот, од тогашниот министер за одбрана на РФ, Сергеј Иванов, беше понудена воена помош од Русија, но за тоа нашите власти никогаш јавно не проговорија. Колку за информација, хаубиците на АРМ беа од донирани од Русија, а произведени во времето од СССР. Затоа на цевките сеуште како пред очи ми стои симболот на СССР, српот и чеканот, насликани на секоја хаубица. Прирачникот и упатствата истотака беа на руски.“ – изјавува еден од припадниците на „Лавовите“.

За разлика од помошта која ја добиваа Македонските безбедносни сили од страна на Русија и рускиот народ, Западните сили на чело со НАТО кои тогаш ја водеа операцијата во Македонија отворено застануваа во поддршка на УЧК и терористите, па во неколку наврати беше забрането јавно да се зборува за хеликоптерите кои слетуваа во упориштата на УЧК каде што според сведоци била доставуванаа воена помош на терористите.

Денес, упорно некој се обидува да ги замени улогите на овие две светски сили. На едната давајќи и заслуги за воениот конфликт, а другата воопшто не споменувајќи ја.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This