ЛАВРОВ ОТКРИВА: Плачела ли Викторија Нуланд додека преговарала со шефот на Руската дипломатија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги негираше гласините дека за време на преговорите ја довел до солзи бившата помошничка државен секретар на САД Викторија Нуланд

„Не, тоа се нема случено. Тоа се лаги“, рече Лавров во интервју за телевизијата „Русија 1“.

На прашањето по што се разликуваат преговорите со дипломати мажи и жени, министерот наведува дека на „жените не смее да им се попушта бидејќи тоа би било политички некоректно“.

„Ние ги почитуваме жените исто како и мажите. Тоа е подобриот дел од човештвото“, додава Лавров.

Лавров и Климкин

Одговарајќи на прашање на кој јазик разговара со украинскиот колега Павел Климкин, Лавров потсетува дека Климкин е роден во Русија и дека знае руски јазик.

„Тој е родум од Курск“, објаснува Лавров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This