Sunday, 17/12/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

ЛУЃЕ ИЗБРАНИ ОД НАРОДОТ ВО ЗАТВОР, ТЕРОРИСТИ НА СЛОБОДА: ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите процеси на политички прогон!

User Rating

Денес е уште еден црн ден за демократијата во Македонија. Хунтата под водство на Зоран Заев продолжи со притворање на сите кои не размислуваат и кои не се плашеа гласно да се спротивстават на антидржавните политики што СДС ги спроведува периодов, ова вечерва на прес-конференција го потенцираше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Денешниот ден ќе биде запишан во историјата како ден во кој што хунтата на Зоран Заев притвори шест народни избраници. Пет проценти од собранискиот состав е во притвор. Ова не е демократија! Ова е тиранија. Денеска беа притворени пратениците Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. На дел од нив им е изречен домашен притвор, а на дел ефективен и уште вечерва се префрлени во истражен затвор. Народни избраници се испраќаат во притвор, а осудени убијци и терористи се ослободуваат. Судот, под притисок на хунтата на лица кои убија пет момчиња и треба да одговараат за тероризам им изрекува мерка да се јавувале два пати во неделата, а нивни познаници се уште се во бегство, истакна Мицкоски.

Тој додава дека тоа е правдата во Македонија под контрола на Зоран Заев.

loading...

-Со ваквиот начин на делување хунтата на Зоран Заев ги закопува сите можности за нормално функционирање на Собранието и институциите кои би требале да ја контролираат извршната власт. Ги закопува сите можности за дијалог и си обезбедува неконтролирана моќ. Ова е само уште едно камче во мозаикот на неправдата кои почна да го креира хунтата на власт. Почнаа со измислени обвиненија и ги прогласија за терористи Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други патриоти и уметници само затоа што гласно говореле и се спротивставувале на хунтата на Зоран Заев. Завршија со притворање на пратеници кои треба да бидат гласот на народот во Собранието и да ја контролираат извршната власт. Монтираниот прогон против 36-мина недолжни граѓани, пратеници, актери, уметници, архитекти и полициски службеници со најтешкото дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата, изјави Мицкоски.

Тој во името на ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон.

-Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане, заврши Мицкоски.

 

loading...

6 Comments

  1. СПС

    ДПМНЕ со терористи коалицираше!
    ДПМНЕ на терористите ги амнестираше!
    ДПМНЕ на неколку пати со законски измени на Уставот го истапка патот за двојазичноста!
    ДПМНЕ ги прими терористите во парламентот со послан црвен килим!
    Сега ДПМНЕ не се разликува повеќе од СДС!
    И сега бара безусловно запирање на сите процеси на политички прогон?
    Кој со ѓаволот тикви сади од глава му се кршат!
    Зошто има невини луѓе по затвотите?
    Оти никој не ги спастри на време виновните за сето ова!

  2. Македонка

    На 15ти септември 2002 г. на голема врата во Собранието и во Владата на Македонија влегоа терористите и убијците трансферирани во борци за човекови права и коалицираа со СДСМ. Четири години подоцна победи ВМРО-ДПМНЕ и коалицираше со идеолошки блискиот партнер ДПА. Во 2008 г. му беше наметната коалицијата со ДУИ како победник во албанскиот блок. И до тука се е добро. Но, грешка е амнестијата за Хашките случаи, Законот за примена на албанскиот јазик, Талат Џафери министер за одбрана…. Погубни грешки….

  3. LXV

    А, дали кадарот на Либералната Партија Мицковски навистина го завршил своето експозе со зборовите „pretty please, with a cherry on top“?

  4. Trpe

    Teroristite bea pod kapata na Amerika uste vo 2001 a se pole e po sovet tokmu na niv tie n gi vratija haskite slucai so sovet da ne se procesuiraat tie toa go barale za da ne se vidi nivnata uloga vo vojnata a nasive glupavi politicari gi prifatija so dve race a i potoa DUI bese so baranje pak na Amerika i EU vo vlasta kako najgolema albanska partija i ti e si jateraa rabotata nasite popustaa vo ime na “zaednickiot zivot” i gi izmesaa teroristite so neviniot narod se zaradi podobar zivot no i toa ne edovolmo na sga ke bidet izramneti duri i na pogilema pozicija bidejki so “novitzakon” ke ima kazni za tie koj ne go zboruvaat albanskiot a za drugite ke si ostane po staro da si pravat se sto im e kef da ne plakjaat danoci firmite da im rabotaat nacrno i da ne izdavaat fiskalni a nikoj ne smee da gi goni bidejkise zastiteni tokmu od Amerika i EU biroktatijata i imame paradoks opstinata Tetovo e konstantno so blokirana smetka zaradi neolakjanjeto na davackiot koe patem im e sovetuvano tokmu od partiite!

  5. Ag`r

    December 6, 2017
    Reply

    Судијата е власт, но и таа се казнува, зарем не?

    Раде Јовчевски

    Сè почесто е присутно мислењето дека е потребно нешто да се менува во однос на кривичната одговорност на судиите. Се прашувам дали денешното општество е подемократско откако во 2006 беше укинато кривичното дело „кршење на закон од страна на судија“?

    Кршењето на законот од судиите не случајно беше посебно издвоено како кривично дело надвор од кривичното дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА бидејќи општественото значење на судиската функција не претставува само повреда на службената положба, туку и рушење на правниот поредок на државата.

    Во тој закон стои одредбата дека „за штетата што судија во вршењето на судската функција ќе ја направи на граѓанин или на правно лице со незаконита работа одговара Република Македонија“. Значи и законот предвидел дека еден судија може да работи незаконито.

    Za povekje procitajte ovde.

    http://plusinfo.mk/mislenje/3690/sudijata-e-vlast-no-i-taa-se-kaznuva-zarem-ne

    KADE bea dpmne do sega da ja ISPRAVEA NEPRAVDATA ????

    • СПС

      Зарем мислиш Агр дека случајно е укинато кривичното дело: кршење на законот од страна на судиите? Сега можеме да видиме дека се било дел од 27 годишниот план ” Етапно уништување на Македонија “.
      А ние Македонците и понатака седиме и чекаме да видиме како ќе се заврши овој трилер кој се претвора во хорор за нас и Македонија.

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031