Friday, 28/4/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

МАКЕДОНИЈА ЈА ИМА НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА: Светскит научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

22%
User Rating

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20-от век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.

alsar

Во 1986-тата година, тогашната југословенска власт го почнала проектот „Лорекс“, во кој биле вклучени десетина научни институции од Словенија, Хрватска и Македонија. По распадот на СФРЈ, сите активности околу рудникот се запрени.

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен сулфат (TlAsS2) е минерал и за првпат е пронајден во Алшар. Крстен е по унгарскиот научник Лоранд. Лорандиот е редок минерал со кој се смета дека би можело да се дојде до бесплатна енергија.

alsar2

Се смета дека го има само во Македонија а можеби и во Шри Ланка. Во 1978-та е одржана тајна седница на владата на СФРЈ на која се разговара за тоа дали рудикот Алшар да и се препушти на НАСА.Во македонскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето.
Lorandit3
Рудникот Алшар се наоѓа 300 метри од малото село Мајден, во длабочината на Кожуф, во Општина Конопиште. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата.

Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри со калдрма, денес многу оштетена.
Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!

lorandit (2)

се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму.

Уште полево од Алшар и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу Алшар, познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.

loading...

12 Comments

  1. LXV

    Мајден/ Алшар и Црвената Долина се познати и по сината ендемична темјанушка, истата онаа која е овековечена на Кралското Македонско Сонце: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%85%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_%D0%9A%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B5%D1%88#/media/File:Ethnic_Macedonian_flag_with_blue_center.svg

    Според преданијата, Македонската Фаланга ги премачкувала штитовите со тинктура, раствор на лорандитната руда, при што многукратно се засилувале рефлектирачките својства и штитовите делувале како еден вид огледала. Со тоа Македонската војска постигнувала повеќекратен ефект – ја затскривале својата бројна состојба, факторот изненадување одел во нивна полза, а истовремено заслепувањето од одблесокот дополнително ги демотивирало противниците.

  2. violeta bozhinovska

    Mozebi i tokmu tuka lezi zajakot. Zatoa sakaat da ne unistat. Ne bi me cudelo…dokolku tuka e edinstvenoto mesto kaj sto se naoga. Zatoa treba da go razrabotime toj rudnik i da i go prodavame na NASA. E samo taka site ke mozeme da stigneme do pogolemi plati. Samo treba um za toa…a ne politicari glupi. Od prv do posleden. Maluomnici.

  3. violeta bozhinovska

    So izklucok i izvinuvanje do pretsedatelot.

    • Ljubica

      Mislam stvarno, da prodademe???
      Pa toa e nacionalno bogatstvo koe i pripagja samo na Makedonija. Bas poradi takviot nacin na razmisluvanje sme tuka kade sto sme.

  4. Andrej

    Виолета Божиновска, едно прашање до тебе. А може и стотина:
    Со кој ум си дозволуваш да речеш дека било што од земјава „треба да се продава“, па уште и на НАСА??? Свесна ли си што ќе се случи со околината и животната средина? Свесна ли си колку концесии има моментално на планината Кожуф за детални истражувања во план за експлоатација? Дали воопшто си информирана што тоа значи за природата и за народот кој живее во овие краишта? Рударските населби се најсиромашни во цел свет, изгуглај, искористи ја црпката за нешто паметно и информирај се. Милион пати е тоа докажано. Имате ли вие луѓе воопшто поим со какви се отрови се третираат рудниците за злато, на пример, а и секој еден рудник од тип на отворен коп? Свесни ли сте колку тони динамит дневно се користи, при што се уништува целокупниот екосистем и биодиверзитет на околината? Знаете ли за какви токсични честички станува збор кои во неизмерен број се испуштаат во воздухот? Да не зборувам за контаминирање на водата и почвата НА КОЈА НИШТО ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА НИКНЕ, а и да никне – ќе биде смртоносно за конзумирање.

    Наместо да се инвестира во земјоделие, пермакултура и обновлива енергија ние ќе си го продаваме газот на странски инвестиции со цел да „стигнеме до поголеми плати“. Какво имбецилно размислување. Ќе стигнеме, најверојатно, до поголеми тумори и малигни заболувања со вашите ограничени, слепи, бедни и заспани „размислувања“.

    • tole

      sto da prodadete i koj vi dava takvo pravo da prodavate ? I za sto ke go prodadete za USA $ dolari za kniga pa vie ste site maloumni da ja unistite prirodata za sto ????

  5. B.m

    Sekoj balkan si ima po nesto skrieno tajna no nasa i amerika sekogas gi stavi rakata pa se krije a mk treba da bide umna drzava mnogu drzavi i balkan se pravat borba za zlato nafta zato irak pakistan kosovo sve tie so imat po nesto bogastvo ima borben udar od amerika pa da moze da se zema po nesto .

  6. Димитар

    Без ум, дрдори, и тоа со “чужда” азбука

  7. Nik

    Samo makedoncite uste veruvaat vo bajki

  8. с

    не е точно дека е единствено наоѓалиште на талиум во светот.

  9. filip

    POCITUVAN LXV. DA LI BI MOZELE DA MI NAPISETE OD KOJA LITERATURA MOZAM DA PROCITAM POVEKE ZA TALIJUMOT. POZDRAV

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...