Sunday, 22/10/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

МАЛОЛЕТНИКОТ ВО КОЈ ПУКАШЕ ПОЛИЦАЕЦОТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Истражните органи по повеќе од 24 часа од пукањето со скудни информации

19%
User Rating

Истражните органи по повеќе од 24 часа од пукањето со скудни информации за инцидентот што вчера се случил кај гробиштата во Струмица кога полицаец стрелаше кон малолетници од Радовиш.

Седумнаесет годишното момче од Радовиш во кого вчера пукаше полицаец се бори за живот. Куршумот кој завршил во градниот кош на момчето по лекарската интервенција на КАРИЛ е отстранет, но малолетникот се уште е во животозагрозувачка состојба, информираа од Клиниката за Алфа. Една година помладиот негов сопатник е стабилен но е задржан на лекување, по  интервенцијата во струмичката болница каде му биле санирани повредите од истрелот.
Истражните органи по повеќе од 24 часа од пукањето со скудни информации за инцидентот што вчера се случил кај гробиштата во Струмица кога полицаец стрелаше кон малолетници од Радовиш.
Од МВР велат дека вчера попладнето, полицијата на 192 добила пријава дека сега двете ранети момчиња со уште тројца нивни врсници сакале да извршат кражба, кај браната Мантово. Не украле ништо, но полицијата тргнала во потрага, а момчињата со возило почнале да бегаат. Полицајците ги пресретнале  кај градската капела. Со два предупредувачки куршуми испукани во воздух од страна на полицаец, возилото запрело. На првата полициска патрола и се придружила уште една, еден од полицајците при апсењето на момчињата со службениот пиштол почнал да пука и ранил две од нив. Нејасно е што било причината полицаецот да посегне по службениот пиштол и  да стрела, кога според МВР малолетниците ниту биле вооружени, ниту пак се опирале кога ги апселе а ниту ги нападнале полицајците. И обвинителството нема одговор зошто полицаецот со службен пиштол пикал во малолетниците. Од таму информираат дека истрагата е во тек, а ќе се вештачи службеното оружје од кое е пукано.
За овој немил инцидент денеска реагираа и од ВМРО ДПМНЕ.
-ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека хаосот што го креира СДС во полицијата ќе предизвика катастрофални последици. ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека незаконското и насилничко разрешување на професионалците во МВР и поставувањето на некомпетентни партиски кадри ќе резултира со нарушување на мирот и безбедноста на граѓаните. Не поминаа ниту сто дена и јавноста веќе гледа дека тоа се случува – рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.
Обвинителството информираше дека во истрагата е вклучена и внатрешна контрола на МВР, а полицаецот кој пукаше во момчињата е задржан во полициска станица.

loading...
loading...

7 Comments

  1. Аминта

    Дојде животот, ни го донесоа од ДИВИОТ ЗАПАД,

  2. Робин Худ

    Оваа т.н. Влада гледајќи ја што се прави пред избори, може само да претпоставиме што ќе биде после… ба ти живото…

  3. Ag`r

    Treba MLADITE DA IZLEZAT NA PROTESTI PROTIV OVAA DIKTATORSKA I NAMETNATA BARGA…. NEDAJ BOZE DA NE PREZIVEE DECKOTO…..

  4. Бог

    Дали ова е истата полиција која стоеше како просјаци кога бандата хулигани, силеџии, и убијци како “Шарени” платеници ги напаѓаа на полицајците и главите им ги кршеа? Оваа иста полиција стоеше ко овци и не ја заштитуваше јавната имовина кога “Шарените” ја рушеа, вклучувајќи ги и светите народни споменици. Зашто полицијата не превземаше одбранбени мерки и не ги извшуваше своите законски должности?
    Каде се пиштолите кога шиптарите шамарат полицијци на отворено пред сиот народ во Струга, Тетово, Скопје итн.?
    Расипана е полицијата, расипана е војската и расипани се бандата лажни патриоти од ВМРО кои царуваа 12 години и кога требаше да превземаат Уставни и Законски мерки, СИТЕ, потполно сите си ги собраа опашките и му ја збришија!
    Тие лажни патриоти сега сметаат дека најдобра борба против непријателот е читање соопштенија пред камери.
    Сѐ што се случува е заслужено кога седите немо ко овци!

  5. Духови

    Каде се сега тие таканаречени средношколски пленум и струдентите ? По одмори фатија, но следниот пат да си ја чукнат малку главата што прават. Ја имаа најголемата слобода, а сега ќе се тресат ко п…и. Или ова за нив е животот во Македонија? Непрофесионалност, неажурност, срамота, трагично… жално!

  6. СПС

    За ова гласаа 350.000 Македонци? Кај ли ќе им оди душата!? За умот не прашувам, тој веќе одамна ги напуштил!

  7. Trajan

    Ovaa ZAJACKA BAGRA eve kakva mladina saka da ni vospituva so kreminal,,so droga,,,soubistva e e eeeeeee ,,toa e zivot bravo be drogirano mladino vi dadoa po nekoe za smrkanje i kutite i ubistvata nevise dovolno razlog za podobar zivot Z,Z KE VI GO DOTERA UMOT KE SPIETE PO ZELEZNICKI ,AVTOBUSKI ENDECI E TOA E ZIVOT TOA GO BARAVTE NEKA VI E NAZDRAVJE

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

October 2017
M T W T F S S
« Sep    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031