МАЛОТО ЧУДО ОД РУСИЈА: Преубавата Алина го собори светскиот рекорд

  • February 21, 2018

Руската уметничка лизгачка Алина Загитова постави нов светски рекорд во кратката програма на Олимписките игри во Пјонгчанг


Загитова на лизгањето во краткиот програм освои 82.92 бода.

„Засега не можам ништо да кажам но многу сум среќна што успеав“, рекла за новинарите.

Другата руска натпреварувачка Јевгенија Медведева го завзема второто место со 81.61 бод, подобрувајќи го сопствениот личен рекорд. Третото место припадна на Канаѓанката Кејтлин Озмонд со 78.87 бода.

15-годишната Алина Загитова е актуелна европска шампионка во уметничко лизгање.

Претходно «
Следно »