Wednesday, 25/4/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

МИЦКОСКИ ОДГОВОРИ НА ОБВИНУВАЊАТА: Ако Миновски не се извини, следува тужба, ова е обид да се одвлече вниманието од коруптивните бизниси на власта

100%
User Rating

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по обвинувањата од генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски на денешната прес-конференција.

Мицкоски вели дека прес конференцијата на Миновски е наменета за одвлекување на вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во 4 очи во оваа компанија.

-Миноски призна дека помалку произведуваат од истиот период минатата година и тоа за 10%, имаат прелив и притоа губат значителни количини електрична енергија и немаат развојна политика. Миноски со лаги, клевети и измислени тези упатени кон мене сака да ја покрие вистината за тоа како најпрво поништуваат тендери, и наместо вториот најповолен понудувач со веќе објавена цена се избира иситата таа фирма но овој пат со далеку повисока цена, и во договор во 4 очи, како се прави оглас за милионски тендери со услови кои може да ги исполни само една компанија, и како тие услови преку ноќ се менуваат само за да се покрие скандалот и ред други неправилности кои повлекуваат сомнежи за сериозен криминал, пишува Мицкоски.

loading...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и како ништо од ова да не е важно за раководството на ЕЛЕМ и Владата, но важни се клеветите и измислените информации упатени кон него.

-Затоа колега Миноски ќе имате период од 48 часа да испратите јавно извинување за сите клевети и навреди што ги изнесовте денес, а притоа му нанесовте штета на мојот углед и чест или во спротивно се што изнесовте денес ќе мора да го докажувате низ судска постапка. Одите во погрешен правец и ве советувам пола од енергијата која ја трошите да ме извалкате со невешто читање на напишани соопштенија да сработите нешто за доброто на татковината, за граѓаните за ЕЛЕМ. За сите злоупотреби кои ги исполнувате за вашите нарачатели ќе одговарате и ќе одговарате многу скоро, пишува Мицкоски на Фејсбук.

 

Денешната прес конференција на г-динот Миноски е прес конференција за одвлекување на вниманието од скандалите со…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 15 April 2018

loading...

6 Comments

  1. јоце,,

    Кого ќе тужиш ,, и каде ќе тужиш ..тоа е иста бандитска компанија од ,,А-Ш
    САМО АГРЕСИВНОСТ ДО ПРАВДАТА МИЦКООООООО !!!!!..
    МАТЕМАТИКИ И .ТУЖБИ СЕ МИЖИ ДА ТИ БААМ….

  2. Zoran

    Ne se sekiraj i tebe ke te vlecat po sudovi i pritvori

  3. Stole

    Црпко 2 ќе тужи кај Гицата Катица..

  4. Goran

    Micko, daj be odi si, providen i bezideen si.
    Pocna so poseta na site sela i gradovi, a od Vodoca i dve skopski komiteta nikade na drugo mesto ne otide.
    Otkako si dojden mrchis samo za elem, pa budalo elem ne e Makedonija, go prebroja li clenstvoto!?ili uspea samo da go izbrkas.
    Ti , sekoja rabota sto ja pocnes ne ja zavrsuvas, toa e dokaz deka si nekadaren, i treba da si odis.
    Slab, providen, dirigiran, slab na vilica,bezideen toa na Makedonija ne i treba.
    Ti, lider, daj bre odi nekade i ne se vrakaj, klimadzijooooo.

  5. Ag`r

    Izvini se da ti prostam i na raat da si teras biznis.
    Abe ti “partija” li si ili pobiten ti e “ugledo” za koj misles deka go imas…..a sto mislis kakov ugled imas kaj narodo!

  6. Petar Avstralija

    Добро на кој суд ќе го тужиш на зајко судот ајде ме изнасмеаја .

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

April 2018
M T W T F S S
« Mar    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

iNFOMAX.mk на ФБ