МИЦКОСКИ ПОВИКА НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ: Ве повикувам на протестен марш во одбрана на Уставот, името и интересите на Македонија в недела во Битола!

  • June 14, 2018

Едногласно заклучивме дека станува збор за решение кое самото по себе е капитулантско и пратеничката група, но и членовите на Извршниот комитет беа едногласни и ги повторија веќе познатите позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во минатото, а тоа е дека нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име.

 

Зошто велам дека договорот е таков каков што е ќе Ви дадам три примери, а во деновите кои што следат ќе имаме уште многу брифинзи на оваа тема, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на ИК на партијата.

–Не постои досега меѓународен договор кој што се ратификувал од едната страна, а не се ратификувал истовремено од другата страна. Самото тоа го носи вториот заклучок кој е дека ние ќе преземеме обврски под услов да ги реализираме, а каква обврска презема Грција и која е мерката што доколку Грција не ја реализира сопствената обврска. Третата која што денеска пред јавноста во Република Македонија, дилема ќе ја отворам е како тоа владата презема обврска да изгласа договор во Собранието на Република Македонија со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени т.е. измени во Уставот кои што се со двотретинско мнозинство? Самиот по себе договор или спогодба како што е наречена е против Уставот, рече Мицкоски во изјава дадена за медиумите пред партиското седиште.

Тој ја искористи пригоата да ги повика сите граѓани во Република Македонија кои што имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат да застанат на патот на овие погрешни политики кои што владата на СДСМ ги прави во Република Македонија, кои што сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ да и се придружат на протестниот марш кој што ќе се држиме во Битола во недела со почеток во 13 часот.

Претходно «
Следно »

loading…