Sunday, 17/12/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

МЛАДИЌ ОТКРИ ШОКАНТНА ВИСТИНА: Кој ја убил ќерката на осудениот генерал Ратко Младиќ?

5%
User Rating

„И ќерката ми ја убивте, такво дете…му дадовте на Аркан да ја убие!“. Со овие зборови, и растреперен глас не криејќи ги солзите, српскиот генерал Ратко Младиќ ја изнесе шокантната вистина за смртта на неговата ќерка пред присутните на неговото судење во Хаг. Мистеријата за неговата ќерка Ана, која трагично настрада на 24.март 1994, како што дознава српски „Телеграф“, Младиќ ја открил во Хаг

Дека сомнежите на генералот не се далеку од вистината, која потполно се разликува од официјалната верзија за самоубиство, потврдува и бившиот шеф на белградската полиција Марко Ницовиќ, кој открива дека злобната крв помеѓу Младиќ и Аркан долго се загревала, па не е исклучено и кралот на српското подземје на најсуров можен начин да ја сервирал својата одмазда кон генералот.

„Младиќ буквално го протера Аркан од Босна! Врзан како џукела во приколка на камион, го протера преку Дрина и му порача да не му падне на памет повеќе никогаш да стапне во Република Српска“. Тоа навистина веќе никогаш не го направил ниту Аркан ниту неговите луѓе. Не е исклучено дека Жељко од одмазда и повредена суета да удрил по Младиќ таму каде што највеќе боли и му ја убил ќерката“ – вели Ницовиќ.

loading...

Донекаде, потврда за оваа верзија дава и Лилјана Булатовиќ.

За Ратко Младиќ не постои никаков сомнеж дека ќерката му е убиена, а генералот дури и го знае името на човекот, Србин, кој ја убил Ана, вели Булатовиќ, авторка на книгата „Рапорт на команданта“. Булатовиќ тврди дека Младиќ лично на нејзе и кажал дека ќерката му е убиена.

Официјалната верзија за смртта на Ана Младиќ (23) гласи дека таа извршила самоубиство со пиштолот на нејзиниот татко во нивната куќа на Баново Брдо.

loading...

2 Comments

  1. grobar ...

    E “moj” Vucicu,Vucicu … isti kurac si kako ovoj “nasiov” Zec samo vo posuptilna forma,poleka ama sigurno ja vitkas srpskata kicma … ova nasevo magare muva ne go lazi …

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

December 2017
M T W T F S S
« Nov    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031