Tuesday, 22/8/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

НАМЕСТО ОД АМБАСАДИ, СЕГА ЌЕ СЕ ФИНАНСИРААТ ОД БУЏЕТ: Соросоидите од сега наместо од Сорос и УСАИД ќе земаат пари од граѓаните!

100%
User Rating

Мерсел Биљали, Исмет Рамадани и Митко Андреевски се ангажирани за нови надворешни соработници на премиерот Зоран Заев.

Како што потврдуваат од Владата за ТВ Нова, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани кој е претседател на Евро-атлантскиот совет на Македонија е назначен за надворешен соработник на премиерот Заев за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО.

Професорот Мерсел Биљали пак е назначен за надворешен соработник за подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи. Тој беше советник за надворешна политика на премиерот Владо Бучковски и на претседателот Борис Трајковски.

Митко Андреевски пак кој е претседател на комисијата за енергетика во СДСМ е назначен за надворешен соработник за изработка на Анализа за информација со податоци и изготвување извештај на елаборат од областа на енергетиката. Тој како што информираат од Владата е ангажиран про боно или без никаков надоместок.

Андреевски е сопственик и на фирмата Си Ен Џи Системс која оперира со гасот во Општина Струмица, за која што ВМРО-ДПМНЕ обвини дека постои судир на интереси поради тоа што Заев како градоначалник набавувал гас од својот сопартиец.

Во меѓувреме се уште се актуелни кадровските решенија кои неделава ги објави Владата и предизвикуваат силни реакции на социјалните мрежи.

Најсилни се реакциите за именувањето на поетот Дарко Лешоски за претседател на УО на Струшки вечери на поезија. Коментарите се во линија дека не е дораснат и незаслужно седнува на ова место кое досега го раководеле авторитети во поезијата со големо искуство зад себе.

„Прв претседател на Струшките вечери беше Ацо Шопов, па Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Котески, Петре Бакевски, Симон Дракул, Благоја Иванов… Толку“

Ова, на својот ФБ профил го напиша македонскиот поет со меѓународна репутација, Ристо Лазаров, како реакција на именувањето на Лешоски за претседател на УО на Струшки вечери на поезија.

Освен за скромното творештво на младиот поет, кој стана познат по своите објави на социјалните мрежи, а во новата влада е ангажиран како советник за односи со јавност, на Лешоски му се забележува и за неговите претходни ставови со кои ја омаловажувал манифестацијата на чие чело застанува сега.

loading...

5 Comments

  1. Trajan

    Volceskata mafija poleka mu prijduva na plenot samo sto ne go rastrgale.
    Za narodot kurot !!!

  2. Аминта

    НЕ САМО ШТО ЌЕ ЗЕМААТ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ, ТУКУ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОРА ДА ГИ ВРАЌААТ, СЕ РАЗБИРА СО КАМАТА, СТОТИНАТА МИЛИОНИ ДОЛАРИ КОИ СОРОС ГИ ИНВЕСТИРАШЕ ВО “ЦРПНАТИТЕ“ ИЗМИНАТИВЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ. ЗАТОА ТОЛКАВИ ЗАДОЛЖУВАЊА ПРАВИ НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА “БРУТО-НЕТО“… ДЕСЕТ ГОДИНИ НЕКОЈ ЈА РУШЕШЕ ДРЖАВАТА, СОРОС ГИ ФИНАНСИРАШЕ, ТИЕ СЕ БОГАТЕА, А СЕГА НАРОДОТ ЌЕ ВРАЌА. ЕПТЕН ЖИВОТ, АМА ЗА НЕКОГО.

    • СПС

      Си ги зема Сорос парите назад. Затоа се задолжуваме.

  3. СПС

    Сигурно оние 350.000 Македонци се задоволни од изгласаното!

  4. Ебан

    Знаете кога ќе платам данок, на свети никогаш можат со џамче да ми го бричат племе им ебам комуњарско-предавничко

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...