Saturday, 18/11/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

НАРОДОТ ЌЕ ИМ ГИ ПЛАЌА ЌЕЈФОВИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ: Предлог Буџетот на СДСМ со двојно повеќе средства за патни и дневни расходи од буџетите на ВМРО-ДПМНЕ!

50%
User Rating

Владата на СДСМ во 2018-та година ќе потроши 5.2 милиони евра за патни и дневни трошоци повеќе од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ветуваше кратење на непродуктивните трошоци и менување на системот на размислување кога станува збор за трошењата на државните функционери, сега гледаме не само што не скратиле, туку и ги зголемиле непродуктивните трошоци на име дневници за неверојатни 5.2 милиони евра, пари со кои можат да бидат изградени 5 училишта, но наместо за училишта Владата парите ќе ги потроши за дневници на државните функционери.

Ова е спротивно на сите ветувања кои ги имаше СДСМ во текот на  изборите. Имено, претставниците на тогашната опозиција, а сега министри во Владата, велеа дека не може министрите, директорите и друггите претставници на власта да трошат пари за дневници, а вработените да одат со такси, автобус или со велосипед на работа.

loading...

-Ако може вработениот во јавно претпријатие да дојде на работа со кола, со такси, со автобус и точак, тоа може и директорот на тоа јавно претпријатие. Ако може тој во јавна или државна администрација да го направи тоа, ќе го направи и министерот. Не е само колку пари ќе се заштедат малку мора да го смениме и системот на размислување, зборуваше Радмила Шекеринска пред изборите  во декември минатата година.

Сега гледаме дека очигледно вешто ги манипулирала граѓаните.

Предлог Буџетот на Владата на СДСМ за 2018-та година со скоро 3.5 милијарди евра е најголемиот Буџет во историјата на државата, пари кои во голем дел ќе бидат трошени на разни луксузи и некапитални расходи.

Имено, Владата кроејќи го Буџетот очигледно тргнале од потребите на врхушката на власта, а не на граѓаните како што ветуваа пред изборите. Владата за стапката патни и дневни трошоци предвидува  скоро двојно зголемување, па така од 455 милиони денари, односно 7.3 милиони евра кои биле потрошени во 2017-та година, предвидени со Буџетот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во 2018-та година планира да потроши 770 милиони денари, односно 12.5 милиони евра, што е досега најмногу пари кои една Влада ги потрошила на оваа стапка.

loading...

6 Comments

  1. Tretioz

    Narodot ke placa ali eden den narodot mk. Ke mu go isprati cehot na konjive sto se na vlas….

  2. eden covek

    eh Makedoncinja kutete si trajte si , neka vi vrega inteligencia podprosecnata budala od murtino. ve izlaza plata 500€, vi falsifikuvase izbori, ve izlaza ajro ke disite, a otrov disite, sega i od lebceto suvo ke vi zeme, imeto ke vi go smeni, siptari ke be naprai, ve ponizuva kaj ke stigne, …. nema kraj slistava….nemoj da ste izlegle da protestirate slucajno!

  3. Zlatko

    Pa JASNO E te. SITE Onie Pari Koi BEA Koristeni od Soros pa i USAED MORA da Se NADOKNADAT za da ZIVEE DEEP STATE i Nivnata CADORSKA AGENDA..?? Tie Gi Potroshija Parite za POTKUP i Perenje na MOZOK na ABDALI Niz MKD za da Ja POSTIGNAT CELTA i Bi SVADBA POMINA pa SEGA IDI Naplatata Znaci NEMA BADIJALA za Shareni, za Plenumi, za”Ekologisti”, za “Studenti”, za “Medicinari” i za Slicni SMRDLOVCI niz MKD..??? Zatoa Sega CrpkoRadovskata OPINOK-BANDA ja PLAKA Smetkata, No Toa NEMA DA E KRAJ na Glupostite Ova Ke Si Prodolzi pa Ne Slucajno SAMI KE SI JA FINANSIRAME Smetkata za UKNUVANJETO na Drzavata MAKEDONIJA a Posebno Postoenjeto na MAKEDONSKIOT NAROD Neka NI E Na ZDRAVJE POZDRAV Do Site CESNI MAKEDONKI i MAKEDONCI Niz Svetot SPOLAJ VI

  4. Biser

    Na ovaa RADA dzabe i e i ministrisko mesto i pari i se, jadna kokoska koga ke se pogledne vo ogledalo, ogledaloto vika : da puknaaam da ne te gledam veeke !!!

  5. Petar Avstralija

    Taka mu treba na narodot od severnata zemja takov narod e toj I da gi ebavaat vgaz tie ke velat shto ubavo ni pravi.

  6. Trpe

    “Dojde zivot” samo ne za site samo za odbranite ne od narodot tuku odbranite od “nasite zapdni prijateli” !

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Phone: 071/547-011

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

November 2017
M T W T F S S
« Oct    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930