НАЈГЛАСНИТЕ „РЕВОЛУЦИОНЕРИ“ ПОЧНАА ДА СЕ КААТ: „Јас не се борев за ова, никогаш нема да се сложам на Влада за промена на име и химна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никогаш нема да се сложам со Влада која ќе се согласи за промена на химна, знаме, Устав со втор албански како втор службен јазик, ќе ја чепне Преамбулата во Уставот, плус федерализација на мојата земја, без попис како доказ за 20 отсто, со демагогии и дилови под маса, во лажно име за некаква си граѓанска Македонија, напиша на својот Фејсбук статус новинарката Јорданка Ивановска Јоци, еден од истакнатите поддржувачи на СДСМ.
joci

– Интимно, емотивно, длабоко човечки, јас не се борев за ова. Јас се борев за Македонија во која социјалните теми ќе бидат приоритет, а оние кои краделе ќе бидат казнети. Граѓанска Македонија подразбира еднаквост на сите во неа и грижа за секого, а не коруптивна екслузивност во остварување на сепаратистичките желби на еден етникум за доаѓање на власт. Пред изборите, сите ги демантираа овие гласини, кои сега излегоа вистина. Никогаш немаше да излезам на избори да знаев што се подготвува. Кој ќе направи Влада за остварување на радикални и националистички барања, на штета на Македонија, ќе му плукнам в лице!

joci

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This