НАЈСМРТОНОСНИОТ РУСКИ АВИОН ЗА КОЈ НИКОГАШ НЕ СТЕ СЛУШНАЛЕ: Корејската криза станува сериозна, а ова е авионот кој ја следи ситуацијата!

  • August 30, 2017

Часопис „Нешенел интерест“ го нарече  А-50У „најсмртоносен руски авион за кој никогаш не сте слушнале“.

Целиот свет без здив ја прати најновата ескалација на кризата во Северна Кореја, а руската авијација ги прелета неутралните води над Јапонското, Жолтото и Источното кинеско море, обиколувајќи го Корејскиот полуостров. Летаа стратешките носачи на ракети ТУ-95МС, а ги пратеа ловци СУ-35С и авиони за радарско надгледување и наведување А-50У, познат и како „летечки радар“

А-50У првиот лет го имаше во 2011.година, како најново подобрување ан првиобиниот А-50, кој е во употреба во руската војска од 1989 година. 

Овој авион на западот е познат по кодното име на НАТО „Мејнстеј“. Авионите „Беријев“ обично носат почетна руска ознака „Б“ пред бројот, но леталото ја задржа и ознаката „А“ која Беријев му ја додели на прототипот.

Авионот е модернизиран радиотехнички комплекс „Шмељ“, кој може да открива цели на растојание од 300 до 600 километри. 

Авионот А-50 открива и идентификува објетки во воздух, одредувајќи ги нивните координати и податоци за патот на летот и пренесува информации на командните центри. А-50 исто така делува како контролен центар, наведувајќи ги ловците-пресретнувачи и тактичките воздухоплови во цели за напад на земски мети и на мали надморски висини. Улогата на А-50 е слична на онаа која во американското воздухопловство ја има Е-3 АЕВ, систем кој го разви „Боинг“.

А-50У функционира и како контролен центар кој управува со 10 до 12 ловци во исто време. 

Леталото е развиено од транспортниот авион „Иљушин“ ИЛ-76МД.

Новото модифицирано летало доби и дигитален систм за предупредување на радари во кабина со зголемен комфор кој може да се користи за долготрајно патролирање на воздушен простор.

Претходно «
Следно »

loading…