НЕМА ДОКАЗИ ЗА ПРИТВОРЕНИТЕ: Јасно е како ден дека луѓе се во притвор поради притисок кон ВМРО-ДПМНЕ

  • February 20, 2018

Ова е притисок јасен како ден и тука нема дилема. Од контактите со нивните семејства, знам дека нема докази за луѓето кои што се во притвор. Законот е јасен, притвор се определува ако постои сомнеж дека некој ќе избега, дека ќе го повтори кривилчното дело, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на 24 Вести.

-Имаме обвинение за тероризам и акт против Уставот бидејќи давал мимики и ишарети. За тероризам и акт против Уставот. Македонија во моментов е држава со најголем број терористи по жител. Семејствата на побвинетите велат дека докази нема. Ова е притисок јасен како ден и тука нема дилема. И тука, секој кој што сака да спори со таа намера, не е чесен. Не само што притисокот не престанува, туку интензитетот на притисок се зголемува. Не престануваат тие притвори, без докази. Апослутно сум против мерката притвор да се злоупотребува, рече Мицкоски.

Претходно «
Следно »