Tuesday, 22/8/2017 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

НЕСПОСОБНИТЕ КАДРИ НА СДСМ И НЕСПОСОБНИОТ МИНИСТЕР ТАРАВАРИ МОРА ВЕДНАШ ДА ОДГОВАРААТ: Грешна дијагноза зеде млад живот

User Rating

Министерот за здравство Арбен Таравари треба да сноси одговорност за комплетниот хаос во здравството кој од ден на ден носи се повеќе човечки животи – ова се реакциите на граѓаните кои бурно и жестоко одговараат на секоја нова информација за згаснат живот од банални причини, односно од болести кои можеле да се лечат уште пред 100 години, а камо ли денес.

 

 

Но, на моменти се чини дека здравството наеднаш се врати 100 и повеќе години наназад, па така луѓе умираат од заболувања кои се излечливи без премногу потешкотии. Таков беше и случајот со луѓето заболени од мистериозната треска во гостиварско, а таква е и последната голема трагедија кога девојче поради грешна дијагноза и непрепознаено воспалување на слепото црево починува неколку часа откако била пратена дома со дијагноза „стомачен вирус“.

Ова го пишува корисник на социјалните мрежи кој праќа и апел до сите на Фејсбук да го споделуваат статусот за случајот за кој јавно досега не се знае ништо, со што се отвара сомнеж дека се обидува да се заташка.

Здравството е далеку од цветање откако го презеде Таравари, точно спротивно – нема реформи, нови вработувања и 100.000 денари плата за специјалистите, но затоа има многу интервјуа во кои Таравари раскажува колку добар министер е и колку му била напорна работата.

Во меѓувреме се случува комплетна партизација по клиниките, се бркаат докажани и светски признати професионалци, за да се постават партиски војници, луѓе кои Таравари не ги ни знае, туку ги потпишува бидејќи така ги договориле Заев и Села. Непроверени кадри, бизнис партнери и финансиери на СДСМ, луѓе без соодветно искуство или со конфликт на интереси, се поставуваат на големо на раководните позиции во здравството.

Наместо да се води грижа да има лекови за болните од рак за што реагираат граѓаните, и за тоа да не умираат луѓе од слепо црево, Таравари се грижи само за партизација на здравството. Вработените кажуваат дека прво што сториле неспособните кадри на Таравари е што ги преадаптирале собите со тоалети кои досега беа за пациентите, а отсега ќе им служат на докторите. Наместо да води сметка за реалната состојба во здравството, Таравари на Фејсбук ќе се објаснува и расправа дека здравсвото цути, иако млади луѓе умираат од погрешна дијагноза на слепо црево.

Имајќи предвид дека СДСМ и партнерите своето постоење го базираа на некрофилска кампања, измислување афери и сатанизирање луѓе, прашањето е: дали сега Таравари ќе понесе одговорност за овој згаснат млад живот поради хаосот и неспособноста кои станаа заштитен знак на неговото здравство? Ќе реагираат ли Огнен Јаневски и сите други некрофили кои спроведоа тешка црна кампања која заврши со обид за убиство на Никола Тодоров?

Додека ги поставуваме сите овие прашања, Таравари сеуште е вознемирен, огорчен и главно преокупиран со најважното прашање за него: „Зошто немало шота на отворањето на Суперкупот?“

 

loading...

7 Comments

  1. М А К Е Д О Н Е Ц

    СЦЕНИРАА НА НАЈЛИЦЕМЕРЕН НАЧИН ДЕКА НИКОЛА ТОДОРОВ БИЛН УБИЕЦЦ ПА НА ЧОВЕКОТ И АТЕНТАТ МУ ПОДМЕТНАА, А ВСУШНОСТ ТИЕ ТРЕБА ДА СЕ ОНИЕ КОИ НАРОДОТ ТРЕБА ДА ГИ ГОНИ НАСЕКАДЕ КАДЕ И ДА СЕ ПОЈАВАТ ! ! !
    СЕ ОДГОВАРА ЗА ОДЗЕМЕН ЖИВОТ НЕЗНАМ КОЛКУ ЖИВОТИ ЌЕ ОДЗЕМАТ ДОДЕКА ЈА УЗУРПИРААТ ВЛАСТА ПОЛТРОНИТЕ НА УБИЕЦОТ СОРОС

  2. Goce

    Kako bese, kako go vikaa Todorov? Minister za sto ….?

    Sramota. Pod itno ovaa partija da se povlece i da dozvoli kadarnio lugje da ja vodat ovaa zamja!

  3. Trajan

    Teroristov TERAJ-VARAJ NEZNAE STO E MEDICINA A DAJTEMU BE KALASNIK PA CE DAVIDETE KAKO STRELJA !!!!!!?!??!

  4. М А К Е Д О Н Е Ц

    ОВОЈ ВОЛ У ДУПЕ НЕЗНАЕ ДА УБОДЕ ИКС ДА МУ НАЦРТАШ ОН НА РОГОТ ЌЕ СЕДНЕ НЕ ПА ЗДРАВСТВО ЌЕ ВОДЕЛ АМА ГАС МАКЕДОНСКИ УЧЕН ДА Е ПОД КИРИЈА ДАДЕН ТАКА И СО ОВЈ ЗА ДА ОТПЛАТИ ЗЕЛКАТА МУРТИНСКА И ЖЕНАМУ НА ПОЛОШТАД ЌЕ ЈА НАМЕСТИ САМО ДА НЕ ОДИ ЗАТВОР!

  5. Ag'r

    Cekaj bre neli rekoa deka na familijata na zatruenite gostivarci im dale ili ke im dadat osteta .!!!?

  6. GJORGJI

    ISTOTO SE SLUCI I SO MOJATA KERKA PRED DVE GODINI, NE PUSTIJA DOMA SO DIJAGNOZA STOMACEN VIRUS, NO BLAGODARENIE NA SOPRUGATA KOJA SAKSE MISLENJE OD DRUG DOKTOR (TOPALOVSKI BITOLA) ISTIOT POD ITNO JA OPERIRA SO PUKNATO SLEPO CREVO. BLAGODARNOST DO DOKTOROT, A DRUGIOT NI IMETO NE SAKAM DA MU GO SPOMENAM

  7. Trpe

    Ova e samo pocetok doprva ke gi gledame novite kadri kao go rusat zadavstvoto!

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...