Sunday, 27/5/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ: Заев и криминалниот картел на власт ја туркаат државата во банкрот, граѓаните прашуваат каде завршуваат нивните пари

User Rating

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека криминалниот картел предводен од Зоран Заев на чело на власта ги задолжи граѓаните со нови 16 милиони евра. Вклучително со 9-те милиони евра долг од минатата недела само во месец мај криминалниот картел на Зоран Заев ги задолжи граѓаните со нови 25 милиони евра долг.

-Зоран Заев и криминалниот картел на власт ја туркаат државата во банкрот. За прв пат во независна Република Македонија јавниот долг надмина 5 милијарди евра, а државниот долг е над 4 милијарди евра. Граѓаните прашуваат каде завршуваат нивните пари, знаејќи дека спиралата на покачување на цените расте, а има стагнација и намалување на платите, на пензиите на социјалната помош, нема капитални инвестиции, изјави Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

Тој кажа дека државата неосновано се задолжува, а економијата тоне.

-Градежништвото бележи огромен пад, само во месец март оваа година бројот на издадени дозволи за градба е за 45% помал од истиот месец минатата година. Тоа е шок за целата економија знаејќи дека градежништвото со себе повлекува десетици други стопански гранки, изјави Стоилковски.

Тој вели дека сите инфраструктурни проекти се неоправдано закочени, тоа е одраз на неспособноста и безидејноста на овој криминален картел на власт.

-Немањето на капацитет да се води држава придонесе нивото на реализирани капитални инвестиции во првиот квартал од оваа година да изнесува само 7,4 проекти. Колку може да се очекува да изнесуваат капиталните инвестиции и нивната реализација до крајот на годината, 30, 40 или 50%, но ни толку, но никако не може да се очекува 100% реализација на капиталните инвестиции до крајот на годината, изјави Стоилковски.

Тој кажа дека оваа власт покажа дека не знае да ја води државата.

-Државата под раководство на СДСМ стагнира, а граѓаните се се посиромашни. Ова расипничко однесување мора да запре. Оваа власт не знае и не може да управува со државата. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, изјави Стоилковски.

 

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

May 2018
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

iNFOMAX.mk на ФБ