НИШТО ОД ПОТПИСИТЕ ЗА СДСМ: Албанските партии го одбија предлогот на СДСМ, сега ќе формираат Комисија за да направат нов предлог!

  • February 18, 2017

.Законот за јазиците ќе го предлага ова тело и заедно работиме на предлог закон кој ќе ги задоволува потребите на Албанците за употреба на Албанскиот јазик- вели Села
sela_sredba

Состанокот помеѓу ДУИ и „Алијансата за Албанците“ заврши со договор да се формира тело кое ќе треба да изготви предлог закон за употреба на Албанскиот јазик, најави Зијадин Села.Според него, ваквото тело треба да работи во Собранието и дека ќе го поддржат секој предлог кој ќе дојде од кај нив.

– Се дискутираше за декларацијата на албанските партии.Се донесоа два заклучочи.Првиот е во рок од три дена албанските политички партии да предложат нивни претставници за да се направи правилник за функционирањето на масата на албанските политички партии.Во иднина овие средби треба да ги држиме во Собранието.Дебатираме околу драфт верзијата околу законот за употреба на Албанскиот јазик.Законот за јазиците ќе го предлага ова тело и заедно работиме на предлог закон кој ќе ги задоволува потребите на Албанците за употреба на Албанскиот јазик- вели Села.

средба_на_албански_партии__3_

Тој и натаму тврди дека ќе му ги дадат потписите на Заев за добивање на мандат.

– Нашите ставови се јасни,потписите за добивање на мандат ќе ги дадеме но тоа не значи дека тоа се потписи за влада-тврди првиот човек на Движењето за реформи.

Села е убеден дека македонските политички партии се закануваат и ја држат земјата во заложништво.Тој вели дека ќе бараат отоворње на Уставот, не само во делот на јазикот туку и други делови.Проблемот со јазикот треба да се реши со Устав.За жал во моментов ова е неприфатливо од македонските политички партии.

Претходно «
Следно »