НИ ТРАМП НЕМА ТАКВА: Палата 30 пати поголема – и барем уште толку поскапа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на неделниот референдум извојувал победа која му овозможила уште два мандата, што значи дека потенцијално би останал на врвот на државата до 2029. година. Покрај сето тоа, со манири на прав султан, Ердоган на располагање има и спектакуларна палата.

CGfTj-naslovna

Резиденцијата на турскиот претседател е дури 30 пати поголема од можеби најпознатата претседателска резиденција на светот – Белата куќа. Импресивното здание има дури 1.100 соби, а дури 250 му се на располагање исклучиво на претседателот и неговото семејство.

Зданието се наоѓа во предградието на Анкара, а се верува дека во последните 100 години никаде на светот не е изградена поголема градба. Се проценува дека конструкцијата на комплексот чинела половина милијарда евра.

Иако точните трошоци за опремување со ентериерот не се познати, медиумите пишуваат дека дури 7 милиони евра отишле на завеси, додека масивните врати чинат дури 10 милиони евра.

 

Ѕидовите се обложени со свилени тапети кои 2.000 евра по ролна, а наводно чашите за вода чинат по 250 евра. Најголем дел од подот е обложен со зелен мермер, а на самиот влез има црвен тепих.

 

Комплексот Аксарај е изграден по “нео-селџукидски стил” – по пример на градбите од 11-13. век, се простира на 200.000 квадратни метри во предградието на главниот град, на плацот кој го купил основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Врховниот суд во 2015. година целото здание го прогласил за илегално, но Ердоган продолжил со изградбата.

Секоја зима на греење се троши по 500.000 фунти. И сето тоа во земја во која според проценките две од три деца живеат во беда. Палатата им праќа порака токму на граѓаните на Турција – претседателот Ердоган има неограничена моќ. Референдумот во неделата таа моќ ја легализирал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This