Wednesday, 25/4/2018 | : : UTC+0
iNFOMAX.mk
Македонија
0C

Обвинителите од регионот ќе соработуваат за финансиските истраги

User Rating

Здружението на јавните обвинители во Македонија, Унијата на обвинители на Албанија, Здружението на федерални обвинители на Федерацијата Босна и Херцеговина, Здружението на обвинители на Бугарија, Здружението на обвинители на Косово, Здружението на државни обвинители на Црна Гора и Здружението на обвинители на Србија во Скопје потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум има за цел воспоставување на директна соработка помеѓу Здруженијата на обвинители од регионот на Западен Балкан, во согласност со принципите на меѓусебно разбирање и реализација на заеднички интереси. Со потпишувањето на Меморандумот, интенцијата е да се зголеми соработката и во насока на зајакнување на позицијата на овие здруженија, да се стимулира регионалната соработка меѓу членовите на здруженијата, да се овозможи размена на информации и практични искуства, но и да се создаде една силна неформална мрежа на професионалци. Овој Меморандум претставува основ за имплементирање на заеднички проекти од меѓусебен интерес, кои ќе резултираат со конкретни мерки за развој на национално, регионално и меѓународно ниво, на самите здруженија и унапредување на работата на јавните обвинители, а воедно ќе биде основ за воспоставување на континуирани годишни состаноци на членови на здруженијата.

loading...

Меморандумот за соработка беше потпишан во рамки на првата тематска регионална работилница на Здруженијата на обвинители од Западен Балкан „Финансиски истраги и конфискација: подобрување на соработката во регионот на Западен Балкан“, која се одржа на 13-14 март во Скопје, во организација на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Германското Друштво за меѓународна соработка ГИЗ – Глобална Програма за борба против нелегални финансиски текови.

Присутните учесници преку практични примери ги пренесоа проблемите со кои се соочуваат обвинителствата, но и добрата пракса при водење на овие истраги, носејќи заеднички заклучок дека и покрај различното законско, посредно или непосредно, дефинирање на финансиските истраги, неопходно е нивно паралелно спроведување со конвенционалните истраги, но ја нагласија и неопходноста за спроведување на прекугранична истрага преку директна и брза меѓународна соработка. Воедно, се дискутираше и за можностите при спроведување на судски одлуки за одземање на предмети и конфискација и потребата за реформи на стратешко ниво во правосудство во секоја земја преку имплементација на најдобри решенија и воспоставување на нови институционални тела, во насока на најефикасно спроведување на финансиските истраги и конфискација на средствата.

loading...

POST YOUR COMMENTS

Your email address will not be published. Required fields are marked *

loading...

Контактирајте Не

Контактирајте

Email: [email protected]

Address: 1000 Скопје, Р.Македонија

Календар

April 2018
M T W T F S S
« Mar    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

iNFOMAX.mk на ФБ