ОРБАН ГИ ПОВИКА ДРЖАВИТЕ ВО ЕУ:Превземете ги работите во свои раце

  • July 11, 2016

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија дека е најодговорна за кризата во ЕУ, која, според него, станала очевидна со Брегзит и ги повика државите да ги преземат работите во свои раце.

UNGARSKI PREMIER

Орбан за денешното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека треба да се прекине со „идеализирање на европскиот проект“.

Според него, главна причина за кризата во ЕУ е што границите на Унијата и лимитот за буџетскиот дефицит биле постојано нарушувани од владите „со молчеливо одобрение на ЕК, која требала да го спречи тоа“.

– Поради тоа двете најголеми европски постигнувања се загрозени, а тоа се заедничката валута и заедничкиот пазар, кој е заштитет од Шенген зоната, наведува Орбан.

Унгарскиот премиер смета дека придонел за спасување на европскиот модел и „начинот на живот“ на своите граѓани со затворање на границите на Унгарија за бегалците. Тој побара соодносот на силите во ЕУ да биде изменет во корист на државите наспроти европските институции.

Орбан јавно изрази незадоволство од претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер поради предлогот за распределба на мигрантите преку систем на квоти, кој беше отфрлен од источноевропските земји.

Претходно «
Следно »