ОТВОРЕН ПРВИОТ НУДИСТИЧКИ РЕСТОРАН ВО ПАРИЗ:”Ние сме во срцето на Париз и јадеме голи. Изгледа исто како да сте на одмор, но е уште подобро”

  • March 10, 2018

Во Париз се отвори првиот нудистички ресторан. О’Натурел е првиот ресторан од ваков вид во Франција и се наоѓа во мирно соседство во југозападен Париз. Оваа идеја произлегла од близнаците бизнисмени Мајк и Стивен Сад, пренесува Дејли Меил.

Близнаците претходно работеле со осигуртелна компанија, но тие воочиле можност да заработат повеќе пари во земјата која нуди врвен нудистички одмор.

Овој ресторан може да се пофали со минималистички декор и врвна француска кујна. Гостите можат да вкусат јастог, фоје грас и полжави со сос од магдонос и сето тоа за 57,50 долари за сите три јадења.

Прозорците се покриени со бели завеси со цел гостите да бидат заштитени од надворешната средина. Кога ќе пристигнат во ресторанот, својата облека ја оставаат во гардероберот заедно со мобилниот телефон, за да се спречи фотографирањето на останатите гости.

Во ресторанот обезбедени им се топлинки, а жените, кои се 40 % од клиентите, можат да си ги задржат високите потпетици.

“Ние сме во срцето на Париз и јадеме голи. Тоа е нереално. Изгледа исто како да сте на одмор, но уште подобро”, вели тој.

Претходно «
Следно »