ПАДНА ГРЧКИ ВОЕН АВИОН: Воен авион на грчкото воздухопловство падна во Егејското море, додека пресретнувал турски авиони

  • April 12, 2018

Според гчкиот весник „Катимерини“ се работи за еден од двата авиони кои биле испратени да пресретнат турски борбени летала над Егејско Море.

Грчкото воено воздухопловство денеска информираше дека борбен авион од типит Мираж 2000-5 паднал во близина на островот Скирос.

Според гчкиот весник „Катимерини“ се работи за еден од двата авиони кои биле испратени да пресретнат турски борбени летала над Егејско Море.

Според весникот, се верува дека не дошло до непријателско соочување, но се уште нема официјална потврда за причината за уривањето на грчкиот воен авион.

Бродови на грчката морнарица го пребаруваат местото на инцидентот, во потрага по пилотот.

Претходно «
Следно »