Политика
- ticket title
- ЊУЈОРШКАТА БЕРЗА ЗАБЕЛЕЖА СЕРИОЗЕН ПАД: Американските финансиски пазари бележат огромен пад по средбата Трамп-Макрон
- ИРАН НЕМА ДА ЧЕКА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗАКАНИТЕ: Заканите на Трамп ја поставуваат сцената за воен конфликт со Иран?
- (Видео)ТОЈ МОРА ДА ИЗГЛЕДА СОВРШЕНО: Трамп го избриша првутот од сакото на Макрон
- ВИСТИНСКИ НЕВИДЛИВИ АВИОНИ: Кина постигна напредок во давањето на обичните авиони вистински моќи на”невидливост”
- КАРПОШ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ: Од најубава општина во Македонија, Карпош се претвара во депонија
Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка – кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна, ова според грчкиот весник „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор, но и што грчката страна би добила од тоа. Како што јави […]
Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка – кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна, ова според грчкиот весник „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор, но и што грчката страна би добила од тоа. Како што јави […]
ПАЗАРОТ ЗА ИМЕТО ПРЕКУ „ФРАУ МЕРКЕЛ“: Грчките медиуми пренесуваат за пазарење помеѓу Берлин и Атина за името
April 15, 2018 / ByUser Rating
Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка – кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна, ова според грчкиот весник „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор, но и што грчката страна би добила од тоа.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името. Нешто што би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови.
– Веродостојни европски извори, пренесувајќи ги за „Та неа“ разговорите што во позадина се водат меѓу Атина и Берлин, ги претставуваат Германците дека му ветиле на Алексис Ципрас размена со силна политичка корист за него и за СИРИЗА, во случај да постигне договор за името на Скопје со неговиот колега Зоран Заев. Станува збор за префрлање за шест месеци подоцна на мерката за кратење на пензиите, пишува весникот и додава дека со тоа владата би можела да земе даде длабок здив и ќе му го отвори патот на Ципрас кон распишување избори во мај 2019.
Текстот во „Та неа“, наиде на бура реакции во Грција, како од опозицијата која ја обвини владата за тајни преговори така и од владата која побара сериозност од Нова демократија.
– Владата треба да им ја каже вистината на Грците: преговара тајно решение на скопското прашање за да добие во замена шестмесечно одложување на кратење на пензиите, што е обврска која самата влада ја презеде со нејзината политика. Да или не? Грците треба да знаат, вели портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки.
Од грчкото МНР за грчката новинска агенција АНА-МПА побарале сериозност од портпаролката на опозициската партија, додека пак од кабинетот на Ципрас велат дека се недостојни за коментирање секојдневните „бедни натписи во медиумите“.
МИА
POST YOUR COMMENTS
Cancel reply
Политика
Колумни
- April 22, 2018
КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Бум-трес
- April 14, 2018
КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Преваранти
- April 13, 2018
КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: СДСМ си е СДСМ
4 Comments
Бозон
April 15, 2018Да не беше меркел, ништо од оваа второсветска калакурница тука. Ниту во Украина. Ама пак се бунат. Ко грк у апс. Због форма.
Зајкоооо … ти текнува шо ќе биде откако ќе испо(вр)ачаш? Те боли. Ти у швицарска ќе си побегнеш.
Спасе,.(
April 15, 2018За зајко спас само чорба зајачка вакви зајаци никој неможе да проголта сем шиптарскана терористичка мафија …
MIRACULI
April 16, 2018e pa nekoj e beden ama ne sum sigurna dali se natpisite, cipras, crpko, s.v. ili fra Merakel
MIRACULI
April 16, 2018ili site zaedno osven natpisite