April 20, 2024, 11:55 am

ПАРТИСКИ АДВОКАТИ ВО СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ: Брутална партизација на судството во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали ваквото назначување на партискиот адвокат на Верушевски е награда за добро извршената работа останува непознато. Она што јавноста треба да го знае дека се врши директна партизација на сите нивоа во јавното обвинителство и во советот на обвинители.

Иако ветуваа професионалност и департизација судството, СДСМ со последните предлози за членови на советот на обвинители максимално го партизира ова тело. Партиските адвокати кои се членови на правниот совет на СДСМ, Ангеле Илиевски и Ангел Солев, се очекува да бидат нови членови на Советот на обвинители.

Илиевски е познат по тоа што му беше адвокат на Зоран Верушевски во постапката “Пуч“ во која беше обвинет и премиерот Зоран Заев за кој подоцна СЈО го повлече тоа обвинение.

Ангел Солев, пак, е поранешен претседател на Основниот суд Скопје и во еден мандат член на Републичкиот судски совет.

Дали ваквото назначување на партискиот адвокат на Верушевски е награда за добро извршената работа останува непознато. Она што јавноста треба да го знае дека се врши директна партизација на сите нивоа во јавното обвинителство и во советот на обвинители.

Инаку, Советот на јавни обвинители е моќно тело кое избрира и разрешува јавни обвинители. Овие партиски војници во иднина ќе имаат моќ преку својата партија да местат подобни обвинители за остварување на интересите на СДСМ и ставање под целосна контрола на правосудството.

Нивниот избор треба да биде лесен зошто изборот го прави Собранието на Република Македонија, каде до сега без јавна дебата, ова партиско решение ќе помине многу лесно. Она што е симптоматично е што на ваквиот избор нема никаква реакција или пак некаков прес од невладините организации што се занимаваат со набљудување на ресорот правосудство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This