ПАРТИСКИ ТРАНСФЕРИ ВО ОХРИД: Учителки избркани затоа што биле од ВМРО-ДПМНЕ, се враќаат на работа како членови на ДУИ

  • April 18, 2018

Ако учителките не беа квалитетни како членки на ВМРО ДПМНЕ, сега од како се во ДУИ ги задоволуваат критериумите за работа, па Стојаноски ги враќа назад на работа, пишува Охрид1.

Најмалку пет учителки кои добија откази во бранот партиски отпуштања направени по доаѓањето на власт на градоначалникот Јован Стојаноски, сега се вратени на работа со одлука на истиот Градоначалник, но овој пат тоа го прават преку партијата ДУИ.

Како што дознава „Охрид1“ раководството на ДУИ ги враќа учителките вработени во време на ВМРО ДПМНЕ, но овој пат како свои членови и тоа најголем дел во селата и приградските населби.

Со ова партијата ДУИ ја шири мултиетничката филозофија во своето работење, брифираат од ДУИ за Охрид1 и додаваат дека, истовремено создаваат гласачко тело во средини од различна етничка припадност, како на пример селото Подмоље, од каде е една од воспитувачките кои до сега беа дел од ВМРО ДПМНЕ, а сега се дел од ДУИ.

Вработувањата кои ги дава ДУИ не зависат од партиската комисија на СДСМ и врз нив нема влијание пратеничката која во јавноста се спомнуваше како најзаслужна за бркањата од работа и делењето на работните места – Жаклина Лазареска.

Партијата ДУИ во Охрид станува клучен и највлијателен политички фактор, а успесите кои ги нижи раководството на ДУИ во Охрид се секојдневие. Партијата пенетрира во сите слоеви на власта, добива директорски места, Вмровци стануваат членови на ДУИ и добиваат работа, а наскоро ДУИ треба да именува и свој раководител на секторот за ТЛЕР.

Директорот на Нискоградба веднаш стана омилен кај вработените !

Новиот директор на ЈП НИСКОГРАДБА Бесник Османи веднаш стана омилен во фирмата и кај сите вработени, а веројатно со неговите гестови ќе ја освои и јавноста. Имено, господинот Османи уште на Велики Четврток во 10 часот вработените ги известил дека се слободни да почнат да го слават Велигден, а истиот ден од 8 часот наутро исплатил плата пред рокот, токму заради празникот, пишува Охрид1.

„Ова не беше замисливо да се случи со претходните директори. Ни во време на Владо Цветкоски, ни во време на Никола Икономов и Сашо Донев ваков добар однос кон нас немаше“ – велат работници од Нискоградба.

Претходно «
Следно »